Бомбаш самоубиец во автомобил ја нападна денеска француската извидувачка мисија во централниот дел на Мали, ранувајќи шест војници и четири цивили, соопшти француската војска.
Засега не се знае во каква состојба се повредените.
Ниту една група сеуште не превзеде одговорност за нападот.
На тоа подрачје дејствуваат исламистички групи поврзани соАл Каеда и со Исламска држава.
(Фото: ЕПА)







