Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став
Македонија

Димитров: Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став

јуни 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Во однос на изјавата на државната секретарка на Португалија за европски прашања Ана Паула Закаријаш, Димитров рече дека во текот на вчерашниот ден имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на, како што истакна, „оваа крајна несоодветност“ и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон којшто останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла“.

„Прашањето на македонскиот јазик за нас е клучно прашање. Ниту имаме мандат за тоа воопшто да помислуваме да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ, се разбира, како Македонци кои зборуваат македонски јазик и го задржуваме правото тоа да си го браниме достоинствено без разлика на какви изјави ќе наидуваме, денес или во иднина. За мене лично ова беше прилично несреќна изјава, изјави Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Прашан, каква ќе биде реакцијата на оваа изјава, Димитров, рече дека во јавноста често има еден вид збрка во однос на дипломатските реакции кога ќе имаме вакви поводи.

„Вчера на неколку нивоа, јас лично разговарав со Лисабон, Министертсвото за надворешни работи, исто така, министерот за надворешни работи Бујар Османи, исто така. Што е битно во дипломатската комуникација? Битно е јасно да си го изразите ставот, да изразите негодување, да изразите протест. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден. Тоа што го добивме, што меѓу другото беше потврдено и преку кратката изјава на португалската амбасадорка што не покрива во Белград, дадена ако не се лажам за Дојче веле во вчерашните вечерни часови, е дека Португалија никогаш нема да направи нешто што ќе штети на изнаоѓање решение, останува цврсто на својот предлог и нема намера да влегува во содржинска дебата околу културни прашања, идентитетски прашања итн, изјави Димитров.

Тој го повтори владиниот став дека македонскиот јазик е еден од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признат и кодификуван со своите уникатни специфики и запишан во личната карта на Северна Македонија во ОН, како и дека македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет.

Во предлог преговарачката рамка што излезе од Европската комисијата, посочи Димитров, во еден параграф се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволен број на преведувачи во моментот на зачленувањето.

„Ние досега имаме преведено некаде околу 80 илјади страници од европското законодавство. Во моментов преку СЕП се ревидира преводот на 16 илјади страници и се работи на неколку илјади нови страници, нови преводи, изјави Димитров.

 

актуелно димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.