Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски – Милановиќ: Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на С Македонија
Македонија

Пендаровски – Милановиќ: Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на С Македонија

јуни 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Реафирмација на поддршката од Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија, со уверување за исчекор и отворање преговорите за членство во тек на претстојното словенечко претседавање, изразија по денешната средба во Загреб претседателите Стево Пендаровски и Зоран Милановиќ.

По тет-а-тет средбата во претседателската палата во рамки на официјалната посета на Пендаровски на Загреб, шефовите на двете држави порачаа да се искористат можностите за натамошно унапредување на можностите за соработка во сите области.

„Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија. Хрватската поддршка е резултат на неизната верба во столбовите на ЕУ и нејзините базични принципи кои за жал во последно време некој ги доведува во прашање. Благодарни сме на Република Хравтска за искрената поддршка, како и за одговорноста за мирен и просперитетне Балкан. Овде во Загреб би сакал уште еднаш да истакнам дела за нас не постои друга алтернатива освен полноправно
членство во ЕУ и за таа цел продолжуваме да работиме со несмален интензитет. Се разбира за да стигнеме таму нема да бидат доволни само нашата волја и нашите напори, рече Пендаровски на заедничката пресконференција со Милановиќ.

Во современиот свет кој не е имун на геополитички конфликти, економски и здравствени кризи, наведе Пендаровски, секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбеднст и просперитет. Без соработка помеѓу државите, потенцираше тој, тоа би било невозможно.

Да го искористиме капиталот кој го имаме во билатералните односи, да ги развиваме економската и трговската соработка и соработката во другите области од заеднички интерес како туризам, инфраструктура, рече Пендаровски, кој во Загреб е придружуван од претставници на нашата бизнис заедница.

Хрватскиот претседател Милановиќ, пак, ја потенцираше поддршката од Хрватска на евроинтеграциите на Северна Македонија нагласувајќи, меѓу останотото дека нема отворени прашања помеѓу двете држави.

„Нема да биде едноставно ќе биде потребно многу труд, ќе треба пријателска помош, многу дискусија, уверување… Хрватска знае колку упорност и здодевна, макотрпна работа е потребна да се постигнат тие цели, истото ја чека и Северна Македонија на тој пат, ќе дадеме се од себе да нема лутања, рече Милановиќ.

Пендаровски и Милановиќ разговарале и за положбата на македонската заедница во Хрватска и на хрватската во нашата држава. Оцениле дека правата на малцинствата во двете држави се на прилично високо ниво и оти има целосна подготвеност на двете страни за нивно дополнитено унапредување.

Се осврнаа и на можностите за сезонска работа на наши државјани во Хрватска. Милановиќ потсети дека сезонските работници можат да работат до 90 дена без никаква дозвила, посочувајќи дека хрватските претпримачи имаат потреба од работна сила кои ќе придонесуваат во системот и наја вувајќи дека Хрватска може и системски да обезбеди вакцини.

Како што рече Пендаровски, тука во Хрватска имаме голема сезонска дијаспора и нема никакви рестрикции за нивен влез на хрватска територија по попуштањето на мерките, надлежните министесртва имаат комуникација, нема никакви проблеми. Тие беа меѓу првите луѓе кои веќе добија вакцини за да можат да се вратат на работа во Хрватска, посочи Пендаровски.

На средбата е оценето и дека крупен влог во извонредните културни врски меѓу двете држави е отворањето на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб, што ќе отвори нови простори за културна размена.

Пендаровски со средбата со Милановиќ ја почна официјалната посета на Хрватска, а претходно беше пречекан со државни и воени почести пред претседателската палата.

Активностите на Пендаровски денеска во Загреб продолжија со средби со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ.

актуелно милановиќ пендаровски хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.