Неколку лица загинаа кога мал авион со падобранци денеска се урна недалеку од Оребро во Шведска, соопшти шведската полиција.
„ Тоа е многу сериозна несреќа, загинаа неколку лица, соопшти шведската полиција на нејзината веб-страница.
Шведската полиција соопшти дека во авионот имало девет лица.
Координативниот центар за заедничко спасување за новинската агенција ТТ соопшти дека авионот превезувал падобранци.







