Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пеш по светот за шест години, патешествие на двајца млади од Бразил и Холандија
Автор

Пеш по светот за шест години, патешествие на двајца млади од Бразил и Холандија

јули 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Оваа приказна е поврзана со двајца млад кои по случајната средба во Албанија, заедно тргнале пеш од Европа до Индија. Бразилката Изис Матос пред три години тргнала од својот роден град Сао Паоло за Европа, од каде имала во план соло да се упати пеш до Индија

Слично патешествие и планови имал и Холанѓанецот Јохан Рингоет, кој од родната

 земја се упатил на крајниот запад во Шпанија, од каде пеш тргнал за Индија преку Европскиот, а потоа и Азискиот континент.

Двајцата авантуристи судбината ги споила во соседна Албанија на музички фестивал, од каде заеднички го продолжуваат патот до Индија.

„Ние до пред неполна година воопшто не се познававме и секој со свои планови имавме намера пеш да стигнеме до Индија, но случајната средба на фестивалот „Виножито“ во Албанија, ни ги спои патиштата и оттогаш до денес сме неразделни и планираме да бидеме заедно и во наредниот период се додека стигнеме во Индија во 2024 година, вели бразилката Изис Матос, која призна дека кај нив покрај пријателството се родила и љубов која непрестано ги грее на ова патешествие и им го олеснува патувањето до далечната земја.

Тие планираат целиот пат да го изодат пеш, за да стигнат до градот на Саи Баба, гуру и филантроп од Индија.

„Во текот на изминатите три години пеш го поминав речиси целиот Европски континент и за тоа време искинав пет пара специјални обувки и до крајот на патот сигурно ќе ми бидат потребни барем уште толку пара специјални чевли.Сега кога сме заедно со Изис патувањето е полесно, а нашата дневна тура изнесува околу 20 километри, вели Холанѓанецот Јохан.

Тој напомна дека се наполно свесни за искушенијата што попатно ги очекуваат и ветува дека ќе дадат се од себе успешно да ја поминат планираната тура.

„Допрва не очекува потешкиот дел од патот. Азија е немирен континент каде се присутни кризи и војни, а и климата е непредвидлива од претопли лета до поларни зими. Нашите планови се јасни, ние во претстојните три години пеш да стасаме до Индија, додава Јохан.

Инаку, Изис и Јохан ги сретнавме попатно во Кичево, каде го разгледуваа градот и ја посетија работилницата на кичевскиот казанџија. Се интересираа за овој занает, а од мајсторот за возврат добија по една бакарна плочка, на која сами го изгравираа своето име и презиме и истата ќе ја носат околу вратот во текот на целиот пат.

Изис на разделбата ни посочи дека пред влегување во секоја наредна земја, тие се обидуваат да научат барем педесетина зборови од јазикот кој таму се зборува, за да можат полесно да стапат во комуникација со месното население и на тој начин и земјата полесно да ја изодат.

Двајцата напоменаа дека досега на Стариот континент немале никакви проблеми при маратонското патешествие и очекуваат слична среќа да ги прати до последниот километар, до крајната цел – Индија.

Зоран Антоски

Бразил млади патешествие пеш по светот холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.