Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Правила во балканските земји за новата школска година
Балкан

Правила во балканските земји за новата школска година

август 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Балканот почнува уште една училишна година во услови на пандемија. Иако мерките во образовниот систем во повеќето земји се полабави од минатата година, секоја земја има свои правила кои мора да се почитуваат.

ГРЦИЈА

Училиштата во Грција нема да се префрлат на учење на далечина оваа година, а владата ќе бара други мерки за борба против коронавирусот, рече грчкиот заменик министер за образование Зета Макри. „Нема да се вратиме на учење на далечина бидејќи имаме вакцинација“, рече таа, дозволувајќи мерката да се примени во исклучителни случаи, како што се деца од ранливи групи.

Училиштата во Грција ќе се отворат на 13 септември, како и обично, под услов на строги безбедносни протоколи против корона – 75-80 проценти од наставниците се вакцинирани или барем имаат термин за вакцинација. Учениците ќе мора да доаѓаат на училиште или со потврда за вакцинација (за возрасна група од 12-17 години) или со сертификат за прележан Ковид-19 во последните шест месеци. Во спротивно, тие ќе
мора да прават само-тест двапати неделно и да донесат потврда за негативни резултати при влегување во училиште.

Наставниците кои не биле вакцинирани и немале Ковид-19, ќе треба да прават лабораториски тест за Ковид-19 двапати неделно. Невакцинираните наставници ќе треба да прават лабораториски тестови на свој трошок во приватни лаборатории. Во случај наставникот да не достави ниту еден од овие документи – ќе биде суспендиран од работа без плата.

ТУРЦИЈА

Турција ќе го започне процесот на 6 септември, а наставниците и училишниот персонал кои не се вакцинирани ќе треба да достават ПЦР тест најмалку двапати неделно, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Исто така, ќе има барање за PCR тест за студентите и вработените на универзитети кои не се вакцинирани.

Министерот за здравство Фахретин Коџа појасни дека задолжителните редовни тестови
за ПЦР што ќе се бараат од невакцинирани лица во Турција ќе бидат бесплатни.

Присуството на настава е закажано од 6 септември за сите класови.

Учениците кои имаат оправдување да не присуствуваат на часовите ќе можат да го продолжат своето учење на далечина преку креираните платформи.

Во Турција, со дозвола на родителите, може да се вакцинираат деца над 15-годишна возраст, како и над 12-годишна возраст со хронични заболувања. Повеќе од 80 проценти од турските наставници досега се вакцинирани со барем една доза вакцина против Ковид-19, а повеќе од 70 проценти се целосно имунизирани.

АЛБАНИЈА

Албанија го одложи почетокот на учебната година за 27 септември наместо на 13 септември, соопшти министерот за образование, спорт и млади, Евис Куши. Одложувањето е со цел „да ги пополни празнините предизвикани од обука за пандемија“ преку обезбедување дополнителна обука. Поради оваа причина, периодот за дополнителна обука ќе започне на 1 септември, за време на кој од учениците нема да се бара да одат на училиште секој ден, но наставниците и целиот училишен персонал ќе мора да бидат достапни во редовните училишта.

Албанскиот премиер Еди Рама, пак, предупреди дека земјата може да воведе задолжителни вакцини против Ковид-19 за универзитетски професори и студенти.

СЛОВЕНИЈА

Во Словенија, новата учебна година почнува на 1 септември со услов за редовно тестирање на училишниот персонал во случаи кога нема вакцинација или прележан ковид.

Директорите на училиштата добија уредба според која одбивањето на вработените да бидат тестирани за коронавирус може да биде причина за отказ.

Сите вработени во училиште кои не биле болни и не биле вакцинирани мора да се тестираат секоја недела, а неоправданото одбивање на тестирање ќе се смета за прекршување на должноста.

Во овој случај, на вработениот ќе му се даде писмено предупредување пред отпуштање или започнување постапка за отпуштање, а истото важи и доколку вработените одбијат да носат заштитни маски.

Исто така, од учениците ќе се бара да носат маска во училницата, а кога нема да се придржуваат, директорот мора да ги извести родителите.

Се воведува и барање за неделно тестирање на учениците во Словенија кои не биле вакцинирани и не биле заразени. Ова тестирање ќе биде бесплатно за учениците и ќе го финансира државата.

ЦРНА ГОРА

„Учебната година во Црна Гора традиционално ќе почне на 1 септември, но со часови од по 30 минути наместо вообичаените 45 минути“, изјави државниот секретар на црногорското Министерство за образование, Милица Кадовиќ.

Меѓутоа, Министерството за образование како опција обезбеди и онлајн модел на обука во зависност од ситуацијата со епидемијата.

СРБИЈА

Учебната година во Србија ќе почне на 1 септември со часови од по 45 минути. Во државата се предвидени три модели на работа на училиштата, во зависност од ситуацијата со епидемијата.

Според првиот, учениците ќе седат заедно на клупи и ќе носат маски додека зборуваат, а вакцинираните наставници нема да носат маски додека не му пријдат на
ученик на помалку од 1,5 метри.

Вториот модел ќе важи за учениците од седмо и осмо одделение, кои еден ден ќе посетуваат училиште и еден ден ќе учат онлајн.

Според третиот модел, кој ќе се применува во општините со најголем број на заразени со Ковид-19, ќе се спроведе онлајн настава за средношколци и комбинирана обука за учениците од основните училишта.

Општините во земјата ќе бидат поделени во зелени, жолти и црвени зони во зависност од пандемијата, а во градинките и предучилишните групи децата нема да носат маски, како и вакцинираните воспитувачи.

ХРВАТСКА

Децата од 1 до 5 одделение, за разлика од минатата година, ќе можат да се мешаат. Министерот за здравство Радован Фуш изјави дека ќе биде дозволено и мешање во категориите на изборните предмети и во дополнителната настава, што минатата година беше онлајн.

„Ќе дозволиме менување на училниците во повисоките одделенија, ќе може да се користат кабинети, училници по физика, хемија, компјутерски науки … Покрај тоа, ќе може да се вклучат и спортски активности во училиштата, тимовите ќе можат да бидат составени од ученици од различни одделенија. Спортските сали и понатаму ќе бидат
затворени за рекреативни спортови. Се враќа можноста за одржување родителски состаноци со физичко присуство. Тоа беше едно од барањата и на родителите и на
наставниците. Училишната пракса ќе може да се изведува на часови. Праксата што ја
изведуваат учениците од стручните училишта во одделни компании е повторно дозволена бидејќи еден од важните сегменти во стручното образование е токму тоа“, рече Фуш.

Маските остануваат како еден од условите за учениците од петто одделение и нагоре, доколку не е можно да се обезбеди растојание од два метри. Ако ученикот е болен, целиот клас не треба да оди во самоизолација, туку само неколку ученици кои седат лево и десно.

 

 

 

(Извор: МИА)

актуелно албанија ковид корона самоизолација словенија србија хрватска црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.