Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Бројот на новодијагностицирани се намалува, мал број ученици се заболени
Градови

Филипче: Бројот на новодијагностицирани се намалува, мал број ученици се заболени

септември 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90. Нема повеќе голем број на пациенти кои се хоспитализирани во тетовската болница, сега се 90 наспроти 120 кои беа претходно. Така што сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека интензивно секојдневно ја следат ситуацијата во училиштата, активни се сите служби. Министерството за образование и наука, потенцира, ги собира сите податоци на дневна основа, веднаш ги споделува и со нас и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата. Протоколите во училиштата се направени по принципите на тоа како се одвиваат препораките не само кај нас, насекаде во светот, за спречување на ширење на вирусот со маските, со дистанците итн. И овие бројки кои досега ги имаме укажуваат дека навистина е мал бројот на ученици кои се заболени. До крајот на минатата недела во четири скопски општини во две училишта во секоја од општините имаше по едно заразено дете, односно еден ученик со мал број на контакти според епидемиолошките анкети. Денеска уште дополнително двајца ученици, еден од Велес и тоа е за првпат во внатрешноста и уште едно училиште тука во Скопје, што значи дека навистина е мал бројот на деца кои досега се евидентирани дека заболеле, рече Филипче.

Имајќи предвид дека во текот на минатата година кога 40-тина проценти од вкупниот број деца кои одеа во училиште беа со физичко присуство и навистина незначителен беше бројот на деца кои заболеа во училиште, нагласи министерот, сега и со овие протоколи имајќи го во предвид тоа искуство од минатата година навистина ризикот е минимален.

„Практично доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и за Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали евентуално треба продолжување, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна дека нема притисок во болниците каде што висок е опфатот со вакцинација во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е притисокот таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

„Од вкупниот број пациенти кои се хоспитализирани, а вакцинирани, најголем се со само една доза. Сепак е тоа потврда дека е потребно време да помине да се развие имунитетот. Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти, имаме и со „Фајзер“ и со „Спутник“, имаме и со кинеската вакцина, имаме пациенти од странство кои се вакцинирале со „Модерна“. Значи, во тој дел нема некоја разлика, рече Филипче и додаде дека младите кои починаа од Ковид-19 биле невакцинирани.

актуелно борј заболени намалување новодијагностицирани филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.