Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка
Македонија

Заев: Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка

септември 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев изјави дека не мисли оти цела Влада треба да си поднесе оставка поради несреќата во Тетово, а за понудените оставки на министерот Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, директорот и економскиот директор на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми ќе се произнесе откако ќе заврши
истрагата. Тој посочи дека нема информации до каде е истрагатa.

„Прво, трагедии се случуваат насекаде во светот. И како што реков, во соопштението до јавноста, го разбирам високиот морален чин од страна на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата, како чин којшто е пред се од човечка причина, чин којшто пред се од етички, од морален аспекти и еве тие ја доставија оставката. Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка заради ова, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од
истрагата.

На прашањето дали министерот за здравство Филипче доаѓа на работа, премиерот одговори потврдно.

„Секако, негова должност е се додека не биде правно формално тргнат од неговата функција, како министерот, така заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата должност им е да ја извршуваат својата функција до доаѓање на нов, рече Заев.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија и дека веќе се дојдени претходниците кои го обезбедуваат целиот простор во Тетово и ги прават првите согледувања и го подготвуваат теренот за форензичарите од Германија кои доаѓаат како испорака на НАТО-земја членка, да ни помогне во експертизата за
завршувањето на форензичката истрага како последица на страшната трагедија.

За тоа која фирма ги монтирала болниците и вршела надзор, Заев истакна дека не ги знае сите детали и оти надлежните институции ќе ги дадат сите информации.

„Модуларните болници се проект на Светска банка, спроведен преку Министерството за труд и социјална политика, во кредитна линија која ја повлековме за потребите на социјалните случаи и здравствениот систем.

Примопредавањето е јасно опишано во закон за ваквите објекти и не би навлегувал детално. Сигурен сум дека институции ќе ви дадат сите информации. Проектот беше воден од Светска банка. Во него учествуваа министерствата за труд и социјална политика и за здравство и е направен според сите прописи, изјави Заев.

Тој посочи дека форензичари од МВР и експерти од Дирекцијата за заштита за спасување, со експерти од Германија, треба да ги дадат деталите од истрагата.

„За мене е важно да има брз резултат затоа што граѓаните пред сè тоа го бараат, рече Заев.

Тој информира дека министерот за здравство, неговиот заменик, како и двајцата директори на болницата во Тетово, продолжуваат да ги извршуваат обврските сè додека не бидат сменети.

Прашан зошто неколку дена не се огласувал за случајот, Заев рче дека не бегал од одговори туку ги почитувал деновите на жалост.

„Четврток, петок, сабота и недела немав изјави, немав прес-конференција.

Трите дена беа денови на жалост и секако како денови на жалост, во моменти на чувствителност не би сакал на никаков можен начин да влијаам врз севкупниот впечаток, истраги или што било што е поврзано со ова се со конечна цел да соодветните експерти и институции испорачаат одговори на сите овие прашања за коишто се заинтересирани пред се семејствата на починатите, но и сите наши граѓани, рече Заев.

 

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1025833188172793

 

ФОТО: МИА

 

актуелно влада Заев Оставка филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.