Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца – нови методи за превенција, размена на искуства
Градови

Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца – нови методи за превенција, размена на искуства

септември 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пилот-проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца има за цел да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и зајакнување на правата на засегнатите лица преку размена на искуства од државите од регионот и Европа. Ова беше посочено денеска од учесниците на почетната онлајн средба за овој пилот-проект, кој што е организиран од здружението „Новинари за човекови права“.

Овој пилот-проект е во соработка и под проектен менаџмент на „ECPAT Австрија“. Почна од 1 јули оваа година, а ќе се спроведува до 31 декември 2022 година. Финансиски е поддржан од Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Александра Радевска, проектен координатор од Новинари за човекови права денеска на средбата посочи дека проектот досега успешно се спроведува, а ќе се потпрат и на австриско искуство, бидејќи таков систем во Австрија веќе постои, како што постои и во многу други држави во светот. Како што рече, најпознат е американскиот систем каде што првпат беше воведен. Исто така, го има и во државите во регионот, Грција, Бугарија, Романија, Италија..

Пилот проектот за Систем со рано предупредување за исчезнати деца, како што рече Радевска, во нашата држава ќе вклучува повеќе активности, меѓу кои се ангажирање на засегнати страни преку обуки и размена на добри практитки од искуства од Европа и регионот, подготовка на прописи, подготовка на мрежи и безбедноста на интернет преку иновативни техники, развој на алатки за онлајн безбедност и пилотирање на тој систем за рано предупредување за исчезнати деца.

„Бидејќи забележуваме дека се поголем број деца исчезнуваат, но за жал не можат доволно добро и достојно да се следат, во таа ситуација некои од нив стануваат жртви на насилство, експлоатација и трговија со деца. Причините се сиромаштијата, невработеноста, семејното насилство, кое што е малку потешко да се следат во овој период на пандемија, а тука на удар секако се најмногу одредени маргинализирани групи, додаде Радевска.

Таа додаде дека групата на ромската популација се особено изложени на ризик да бидат трговани, а користењето на дигитални уреди кое се зголеми во време на пандемијата, е исто така ризик за злоупотреба.

„Делумно поради недостиг на знаење во управување со дигитални алатки се зголемува и ризикот да бидат злоупотребени децата преку онлајн медиумите, да бидат регрутирани за трговија со деца, што е повторно значително поголем ризик за деца од ранливи категории. Ние како партнери на проектот инициравме да работиме заедно да ги заштитиме децата од исчезнување и да спречиме да им се наштети на погодените, рече Радевска.

Како што напомена, размената на знаење со сите загегнати страни и на институционално ниво, но и споделувања на искуства од Европа ќе помогнат да се идентификуваат и да се насочат клучните иновативни алатки, како што се системи за рано предупредување, да се подобри дигиталната писменост, и некои иновативни алатки во тој сегмент, политиките за заштита на децата, да се работи со деца како јавни чинители, но и потреба за меѓусекторска соработка.

„Нашето законодавство во овој сегмент се уште не е транспонтирано во европска лагистлатива за трговија со луѓе. Ние сме една од државите во регионот која нема механизми и системи за рано предупредување на исчезнати лица, додаде Радевска.

Астрид Винклер, од партнерската организација „ECPAT Австрија“ денеска на средбата напомена дека се надева оти овој проект ќе биде успешен, а како што рече, кога станува збор за темите од овој вид, соработката на различни засегната страни е клучна.

„Во Австрија ние се фокусираме на кампањи, подигање на свеста, истражувања и вмрежувања кои се многу важни. Ние ќе споделиме важни практики од Австрија, но главните информации се од Новинари за човекови права. Имаме централизирани тела за борба против трговија со луѓе, но и експертизи за сите проблеми поврзани со трговија со луѓе, а исто така и работиме на воведување на специјализиран центар за трговија со деца, рече Винклер.

Претставник на Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, Харолд Фугер посочи дека ја поддржува оваа иницијатива и напомена дека е предизвикувачка но со вклучување на сите засегнати страни, истата ќе биде многу успешна.

„Ја поддржувам оваа иницијатива, честитки за имплементацијата на проектот, секогаш е предизвикувачки но сигурен сум дека сите институции ќе дадат свој импут и дека проектот ќе биде успешен. Овој проект нема да можеме да го реализираме доколку немаме поддршка и соработка од сите институции, потенцира Фугер на денешната почетна средба.

актуелно исчезнати деца пилот проект систем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.