Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов и Вескоски од Карпош: Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата
Македонија

Шилегов и Вескоски од Карпош: Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата

октомври 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, а не само во вторник и петок, вечерва вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов на митингот во Карпош.

Шилегов рече дека ќе се овозможи бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот.

-За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт за нив, рече Шилегов и најави бесплатен јавен градски превоз и за лицата со ретки болести.

Од реализираните проекти во патната инфраструктура, Шилегов го издвои реконструкцијата на булеварите „Партизанска“ од „8-ми септември“ до кружниот тек во „Ѓорче Петров“ и „8-ми септември“ од „Илинденска“ до „Скупи“, а целосно се реконструирани улиците „Лондонска“, „Љубљанска“, „Московска“, „Брадфордска“, „Никола Парапунов“ и „Ацо Шопов“.

-Ја градиме Клучката на Момин Поток, на раскрсницата каде по огромни гужви поминуваат 25 до 30.000 возила дневно истакна Шилегов, додавајќи дека таков сложен сообраќаен зафат во Скопје не е направен со децении наназад.

Тој прецизираше дека раскрсницата што спојува четири општини, го добива најмодерното и најсофтицираното сообраќајно решение било кога изработено во урбана средина во Македонија.

-Градиме издигнат булевар на 9 метри, со кружен тек во ридот кај касарната, со којшто овозможуваме анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај, а таму за прв пат ќе изградиме велосипедски мост, вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија во градот, најави Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Карпош Душко Весковски рече дека најдоброто за Карпош доаѓа со спроведување на политиките што гу нудат пред граѓаните.

-„Најдоброто за Карпош“ доаѓа и со ТОП 5-те најважни проекти, меѓу кои изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата, изградба на најмалку две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети, изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, основање Младински центар во Општина Карпош во рамки на библиотеката „Другарче“, дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци, истакна Весковски.

вескоски карпош Шилегов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.