Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесими – ММФ: Повисоки проекции за економски раст годинава, фискална консолидација на среден рок
Економија

Бесими – ММФ: Повисоки проекции за економски раст годинава, фискална консолидација на среден рок

октомври 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заздравувањето на македонската економија е видливо, на што укажуваат и најновите нагорни проекции на ММФ и Светска банка за економскиот раст годинава од 4% и 4,6%, респективно. Среднорочната фискална консолидација, поддржана преку Планот за фискална одржливост и поддршка на растот, Стратегијата за реформа на даночниот систем, како и Планот за финансирање на растот, се добра основа за зачувување на фискалната одржливост. Воедно, пост-пандемиското заздравување нуди можност за забрзување на транзицијата кон зелена и дигитална економија. Ова беа само дел од заклучоците од средбите на министерот за финансии, Фатмир Бесими со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер, шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска и други официјални претставници, одржани во рамки на Есенските средби на ММФ и Светска банка.

На состанокот воедно беа дискутирани и поздравени преземените мерки на Владата за справување со пандемијата, со коишто се овозможува побрзо заздравување на економијата.

Министерот за финансии истакна дека повеќе високофреквентни индикатори упатуваат на економско заздравување. Во вториот квартал од 2021 година, реалниот БДП забележа раст од 13,1% на годишна основа и со тоа земјата практично излезе од рецесијата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Извозот на добра и услуги се зголеми за 45% на реална основа, a стапката на невработеност продолжи да се намалува и достигна ниво од 15,9%.

Министерот за финансии потенцира дека проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1%, но позитивните движења во вториот квартал и случувањата и макроекономските политики во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годинава да ја завршиме со повисок раст на БДП од проектираниот.

„Северна Македонија се фокусира на подобро искористување на традиционалните и воведување иновативни финансиски инструменти за поддршка на инвестициските проекти на приватниот и јавниот сектор, преку мобилизирање буџетски средства, средства од официјалните кредитори, како и средства од развојните партнери. Државата ќе издава развојни обврзници, зелени обврзници и проектни обврзници – тие ќе им бидат достапни не само на големите инвеститори, туку и на граѓаните, кои ќе имаат можност да ги вложуваат своите заштеди во сигурни инвестиции, со позитивно мултипликативно влијание во повеќе приоритетни области на економијата“, истакна министерот за финансии.

Воедно, како што потенцира, ќе се создаваат услови за зголемување на продуктивноста, а со спроведување на дигиталната и зелената агенда, економијата ќе биде поконкурентна, инклузивна и одржлива.

„Фискалната консолидација истовремено ќе обезбеди непречено финансирање одржлив и инклузивен раст, при што истото ќе се спроведе преку подобро управување со инвестициските проекти на јавниот и приватниот сектор и поддршка од приватниот сектор“, истакна министерот Бесими.

Притоа, беше посочено дека и понатаму внимателно ќе се следат макроекономските и секторските трендови, дека Владата е свесна за предизвиците и дека ќе продолжи да обезбедува поддршка за погодените граѓани и компании, истовремено внимавајќи на фискалната консолидација на среден рок.

На Есенските средби, претставниците на ММФ истакнаа дека владите треба да имаат јасна и кредибилна среднорочна фискална политика, којашто ќе обезбеди фискална одржливост. Мерките за поддршка на стопанството, онаму каде што е потребно, не треба да се повлечат предвреме, а онаму каде што е возможно, треба да бидат што потаргетирани и временски ограничени.

Фискалната консолидација, обновата на фискалните резерви (баферите), мерките за поддршка на стопанството, како и дигитализацијата и зелената агенда беа едни од клучните поенти образложени и од вицепремиерот и министер за финансии на Белгија, Винсент Ван Петегхем, во име на 16 држави меѓу коишто е и нашата држава, во неговото обраќање на 44-тиот Монетарен и финансиски комитет, одржан во рамки на Есенските средби.

Петегхем истакна дека фокусот на фискалната политика треба постепено да се префрли кон обнова на фискалните резерви (баферите), особено во земјите каде што нивото на јавниот долг е зголемено, со што ќе се овозможи отпорност на следни можни кризи, како и на предизвиците од дигиталната трансформација и транзиција кон зелена економија.

„Во земјите каде што економската активност е сè уште во голема мера ограничена од пандемијата и каде што постои фискален простор, мерките за поддршка на стопанството не треба да се повлекуваат предвреме, со цел да се минимизираат „лузните“ од таквиот чекор. Воедно, владите треба да изготват и да комуницираат јасна среднорочна фискална политика, којашто ќе ја зајакне довербата и ќе создаде дополнителен буџетски простор, но истовремено ќе овозможи фискална одржливост“, рече тој и додаде дека ранливите и фискално ограничени економии може да бараат дополнителна мултилатерална финансиска помош.

На средбите беше поздравена одлуката на Бордот на гувернери на ММФ за распределување на специјалните права на влечење на земјите членки на ММФ во еквивалентен износ од 650 милијарди долари, при што на земјава ѝ беа доделени 134,47 милиони специјални права на влечење (еквивалентно на околу 191 милиони американски долари за буџетска поддршка). Законот којшто ќе овозможи повлекување на средствата е одобрен од Владата и во моментов е во собраниска процедура.

актуелно бисими економски раст ММФ проекции раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.