Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Работиме на нова методологија со која пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата
Градови

Шахпаска: Работиме на нова методологија со која пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата

октомври 14, 2021Updated:октомври 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, кое важи за едно од поголемите здруженија бидејќи  брои околу 8.000 пензионери.

Таа ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу  пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

„Разговаравме и за промена на методологијата за усогласување на пензиите  кон која Министерството за труд и социјална политика веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината, ќе биде испорачана нова методологија,  со која што пензиите ќе се усогласуваат  и со растот на просечната плата,“ рече миинистерката Шахпаска.

На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена е  изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев ја  информираше министерката  дека општината Кочани  ќе ги покрие трошоците за комуналиите и уредување на градежното земјиште.

Домот за стари лица има капацитет од 12 еднокреветни соби, од кои шест  за лица за попреченост,  66 двокреветни соби и 6 апармани.

Претседател на Здружението на пензионери на Кочани Ѓорѓи Серафимов, посочи дека Домот за стари лица е приоритет на граѓаните на Кочани и затоа и пензионерите од градот сметаат дека што побрзо треба проектот треба да биде реализиран.

Според Шахпаска една  од придобивките за оваа најранлива група граѓани е социјалната реформа со која  возрасните лица кои не се корисници на пензија и други социјални услуги добиваат месечен надоместок од 6.000 денари, плус додаток од 1.000 денари, со кои се покриваат дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, усогласена со порастот на трошоците на живот во претходната година објавени од Државниот завод за статистика. Оваа социјална услуга ја користат околу 10.000  граѓани.

Министерката беше информирана и за високиот процент на вакцинирани пензионери од општина Кочани, со што таа порача дека имунизацијата мора да продолжи бидејќи само така може да се обезбеди колективниот имунитет, толку неопходен за нашата држава да продолжи со секојдневните општествени текови.

актуелно кочани пензионери Шахпаска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.