Јавните прослави по повод Божиќ и Нова Година се забранети во Грција, а официјална Атина нареди маски да се носат задолжително и на отворено за да се сузбие ширењето на „омикрон“ варијантата на корона вирусот.
Ова денеска го потврди грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис.
Мерките ќе бидат на сила од утре наутро, а граѓаните ќе мораат да носат две маски или маски кои пружаат висока заштита во јавниоит превоз и во супермаркетите.
Во исто време, странските гости „силно се охрабруваат“ да направат два ПЦР тестови неколку дена по доаѓањето.
Министерот за здравје порача дека во новата година се очекуваат дополнителни мерки, главно за забавните и спортските настани, за да се избегне нов локдаун.
„Стално ги следиме случаите за да видиме дали после ‘делта’ варијантата постои ширење на ‘омикрон’“, изјави Плеврис на конференција за новинари.
Грција пријави само неколку десетици случаи на заразени со „омикрон“ од почетокот на месецот.
Властите вчера информираа за 5.641 нови инфицирани и 69 смртни случаи од последици од ковид-19, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата порасна на 1.049.936, а бројот на починати на 20.126.
Со популација од 11 милиони луѓе. Грција до сега даде повеќе од 7,3 милиони први дози вакцина, а околу 65,7 отсто Грци се потполно вакцинирани.







