Витлеемските ѕвона ѕвонеа во саботата на божиќното утро низ улиците на градот во кој пастелните и зелените ролетни на прозорците личеа на адвентскиот календар што никој не го отворил.
Сопствениците на продавници и хотели во тој палестински град потврдија дека нивниот бизнис драстично паднал во споредба со годините пред пандемијата на корона вирус, кога побогатите туристи знаеле да го преплават градот.
Мерките за затворање поради пандемијата имаа разурнувачки ефект врз економијата во местото.
На плоштадот Рождество Христово се собраа само неколку стотици луѓе, главно оние кои живеат, работат или студираат во Израел и на Западниот Брег.
Собрани околу божиќните дрва пееја божиќни песни, за барем малку да ја развеселат сцената пред црквата Рождество Христово.
Џозеф Џакаман, сопственик на продавницата за сувенири, рече дека неговата заработка била само два отсто во однос на годините пред пандемијата.
Споредните улици беа буквално празни, а затворен беше и величествениот хотел „Јашир Палас“.
Но, сепак, рано во саботата, латинскиот патријарх на Ерусалим, Пјер Батиста Пицабала, на бројчано намалена миса заради епидемиолошките мерки ги повика верниците да побараат надеж.
„Мораме да го побараме и да го пронајдеме гласот на надежжта кој не води кон Исус и спасението, глас кој отвара врата на надеж“, рече Пицабала.
(Фото: ЕПА)







