Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Евтината работна сила причина за блокада на Балканот за влез во ЕУ
Европа

Евтината работна сила причина за блокада на Балканот за влез во ЕУ

јануари 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со одолжување на почетокот на пристапните преговори за Македонија и за Албанија се проширува и листата на „причини“ што се наведуваат од претставници на Европската Унија за блокадата на процесот на проширување кон Западен Балкан.

На веќе познатите оцени за состојбата во регионот за отсуство на владеење на правото, висока корупција и криминал, непочитување на човековите права и демократските слободи, се додаде и една неформална причина, а тоа е евтината работна сила што доаѓа од балканските земји.

Во моменти на искреност, словенечкиот премиер Јанез Јанша, во завршното излагање на претседателството на Словенија со Европската Унија, цитираше неименуван европски лидер, кој на заедничките сесии на европските институции јавно си го поставил прашањето за тоа „зошто би ги внеле во ЕУ, кога на овој начин се поевтини како работна сила“.

Јанша го изјави ова во разговор за Словенечката радио-телевизија, при што објасни дека кај некои постари членки преовладуваат тесноградоста и „националистичките“ интереси над визијата за слободна, мирна и обединета Европа.

Словенија за време на своето претседавање со Советот на ЕУ се избори во документите повторно да се воведе поимот „перспектива на членството“ во таа интеграција, наместо само „европска перспектива“ за државите на Балканот и европското источно соседство, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Неговата изјава дава повидлива слика за силниот отпор на дел од земјите-членки на Унијата, или како што вели Јанша, за опортунизмот во Брисел кога станува збор за процесот на проширување кон Западен Балкан. Неподготвеноста на ЕУ за прием на нови членки досега вешто се прикриваше со давање препораки за продолжување на внатрешните реформи или во нашиот случај за градење добрососедски односи, пред сѐ со Бугарија.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, пак, на крајот од годинава, даде своја оцена дека во 2021 година имало пораст на ескалацијата и на реториката за поделби на Западен Балкан, што, според него, било пречка за земјите од регионот во нивното приближување кон европската иднина!

Извори од Европската Унија наведуваат дека идната година би требало да се согледа како може Брисел, со поддршката на САД, повеќе да се ангажира за Западен Балкан да се извлече од застојот во кој се најде неколку години.

Европските дипломати брифираат дека на почетокот на новата година ќе се види каква ќе биде политиката на новата германска влада, која посветува посебен интерес за состојбата на Балканот. Се очекува и францускиот претседател Емануел Макрон, кого во април го очекуваат избори, да преземе нешто повеќе за регионот, за што говореше при објавувањето на програмата на француското претседавање со Унијата од први јануари.

Поголем напредок во откочување на процесот на проширување се очекува со чешкото преземање со европското претседателство, посочуваат европски дипломати.

Доскорешниот шеф на чешката дипломатија, Јакуб Кулханек, како и многу други земји од ЕУ, смета дека „блокирањето на европската аспирација на западнобалканските држави е кусогледо, посебно кога се засилени процените за тоа дека не може да се дозволи луксузот Европа да има геополитички вакуум и црна дупка на Балканот, што подоцна ќе ги пополнат другите актери“. Во таа насока е и последната изјава на Јанез Јанша, кој изјави дека „ако не се шири ЕУ на Балканот, ќе се шират други“.

 

 

 

 

(Извор: „Нова Македонија“)

актуелно албанија балкан Брисел Европа Јанез Јанша корупција криминал македонија словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор

ноември 26, 2026

Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ

ноември 26, 2026

Пет продолжени викенди во 2027 година

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.