Мандатарот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва ги соопшти имињата на новите министри кои ќе дојдат од неговата партија.
Нови имиња за министри од редовите на социјалдемократите се Славица Грковска, Славјанка Петровска, Никола Тупанчевски, Јована Тренчевска и Бисера Костадиновска Стојчевска.
За вицепремиер за борба против корупција – Славица Грковска, вицепремиер за економски прашање – Фатмир Битиќи, а вицепремиер за европски прашања – Бојан Маричиќ. Со одбраната ќе раководи – Славјанка Петровска, а старо нов министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски. Професорот од Правниот факултет на УКИМ, Никола Тупанчевски е новиот министер за правда, а досегашниот прв човек за антикорупција, Љупчо Николовски, се враќа во Министерството за земјоделство. За министер за труд и социјална политика е предложена Јованка Тренчевска, а за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска.
Предлозите за состав на новата влада Ковачевски утре ќе ги достави до Собранието.







