Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши, Мустафаи и Симеска Димоска ја промовираа новата лабораторија за испитување на квалитет на мазут
Економија

Бектеши, Мустафаи и Симеска Димоска ја промовираа новата лабораторија за испитување на квалитет на мазут

јануари 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска денеска ја промовираа новата лабораторија за испитување на квалитетот во рамки на Бирото за Метрологија.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, оваа нова лабораторија е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот. Опремувањето чини 24 милиони денари, а резултатите од анализите ќе се добиваат во кус временски период и во промет ќе се пуштаат само горива со проверен квалитет.

„Резултатот од една повеќемесечна посветена работа е оваа лабораторија, опремена со комплетно автоматизирана мерна опрема, со нови мерни инструменти, на кои ќе се тестираат мостри од мазут, земени од терен. Ова е мерна опрема, со која целосно се задоволуваат барањата на стандардот МКС Б.Х2.430, за тестирање на квалитетот на маслата за горење.  Несомнено, оваа лабораторија редовно ќе ги следи барањата на европските и меѓународните стандарди и прописи и редовно ќе учествува во меѓу лабораториските испитувања рамо до рамо со европските лаборатории, затоа што Бирото за метрологија секогаш се ставало во функција на корисниците на услуги, а со тоа и на развојот на економијата, во целост“ кажа министерот Бектеши.

Директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи истакна лабораторијата е опремена со автоматизирана мерна опрема, 7 нови мерни инструменти, со кои ќе се тестира квалитетот на мазутот, а истата е екипирана со стручен кадар, обучен за тестирање на повеќе од 10-сет параметри на мазутот, со кој целосно се задоволуваат барањата на стандардот МКС Б.Х2.430, за квалитетот на маслата за горење.

„Тоа се светски признати методи за тестирање, засновани на ASTM, ISO и EN стандардите, усвоени од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, со кои ќе може да се одреди содржината на сулфур, кокс, пепел, вода и механички примеси во мазутот, но и други квалитативни својства на маслата за горење, пуштени во промет на домашниот пазар (дестилација, густина, точка на палење, кинематички вискозитет, точка на течење и топлинска моќ)“ кажа директорката на Бирото за метрологија.

Директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска истакна дека со оваа набавка на новата лабораторија за анализа на квалитетот на мазутот ќе се овозможат еднакви услови за работа на сите економски оператори и ќе се регулира незаконското работење, пред се во делот на контрола на безбедност на производите и контрола на квалитетот на производите кои што се пуштаат на пазарот.

„Постојано вршиме контрола на мазутот при увоз во државата заедно со Царинската управа и исто така во периодот кога имаме земено мостри, во два случаја имаме пронајдено дека не соодветствува со квалитетот и преземени се соодветни мерки, меѓутоа во последниот период сите анализи што ги земаме покажуваат дека мазутот е со соодветен квалитет.

Во наредниот период со новата лабораторија ќе можеме резултатите од земените мостри да ги добиеме во најкус можен рок“ кажа Симеска Димоска.

бектеши испитување лабараторија мазут
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.