Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Невремето „Елпида“ носи снег во Грција и затвора училишта
Во Фокусот

Невремето „Елпида“ носи снег во Грција и затвора училишта

јануари 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Невремето „Елпида“ (Надеж) што ја зафати Грција, во повеќе делови од земјата веќе донесе снег и тоа на места што досега не било вообичаено да бидат под снежна покривка, а се очекува утре да пристигне и во Атина, поради што училиштата во следните два дена ќе останат затворени, додека пак надлежниот министер ги повика граѓаните да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина.

Попладнево беше одржан вонреден состанок Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција за подготвеноста на државниот механизам да се справи со снежната бура, а периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, по средбата со сите градоначалници, донесе одлука основните и средните училишта да останат затворени.

Училиштата ќе бидат затворени и во повеќе други делови на Грција, во северниот и централниот дел, на дел од островите и на Крит, а наставата ќе се одржува онлајн, додека пак во вторник, ќе се донесе одлука дали во среда учениците ќе се вратат во училишните клупи.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис, по состанокот рече дека во следните два дена се очекуваат интензивни временски појави со густи врнежи од снег во повеќе делови на Грција, а на состанокот на кој присуствувале претставници на перифериите, општините, противпожарната служба, армијата, полицијата, итната помош, биле разгледани три теми: работата на училиштата, да останат во функција автопатите и да нема прекини во снабдувањето со електричната енергија.

Објасни дека одлуката за работата на училиштата ја носат локалните власти, а затворањето е оправдано со оглед на тоа што „невремето може да започне додека учениците се на училиште и потоа да биде тешко и опасно нивното враќање дома“, но и со оглед на тоа што поради пандемијата наставата се одвива под специјални услови и прозорците треба да бидат отворени.

Во однос на движењето на граѓаните, Стилијанидис упати апел граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребни движења, посочи дека во повеќе делови на земјата ќе биде потребна зимска опрема за возилата додека пак за автопатите, рече дека „ќе се направат големи напори да останат отворени за да може земјата да продолжи да функционира и да продолжи економската и општествената активност“.

-Упатуваме силен апел до граѓаните да бидат многу внимателни и да избегнуваат секакво непотребно движење во следните 48 часа, рече Стилијанидис, истакна дека земјата ја очекуваат „тешки два дена и потребна е внимателност и будност од сите“ и упати „искрена молба“ до граѓаните верно да ги следат упатствата од властите.

Надлежниот министер најави дека преку бројот 112 за итни случаи, во деловите на Грција каде што ќе има потреба ќе биде испратена смс порка до граѓаните со конкретни упатства.

Ваква порака, со апел во следните 48 часа да се избегнуваат непотребни движења, попладнево, веќе добија жителите на неколку области меѓу кои и Кикладските острови, Евија и дел од централна Грција.

Невремето „Елипида“ денеска донесе снег на дел од Кикладските острови, па така, Миконос, Наксос, Тинос, Сирос, Андрос, утрово беа под снежна покривка, нешто што не е честа појава.

Во февруари минатата година, Атина, по најмалку десет години беше под снег, кој иако не надмина 20 до 25 сантиметри, создаде сериозни проблеми и прекин во електричната енергија во повеќе населби.

 

ИЗВОР/ФОТО: МИА

актуелно Грција снег
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.