Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Каде се најголемите шанси да добиете корона? Кино, теретана, парк…
Здравје

Каде се најголемите шанси да добиете корона? Кино, теретана, парк…

јануари 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Колкави се шансите да заболите од ковид во кино? Или во теретана, без маска? Или за време на рано утринско трчање во парк? Неодамна објавена студија настаната со соработка со неколку меѓународни научници, дава одговори на овие прашања.

Добро е познато дека одредени места и активности носат различни ризици од изложеност на корона вирус, но новата студија отстранува голем дел од шпекулациите, нудејќи наместо тоа, јасни проценки.

Истражувачите кои стојат зад овој труд ја анализирале епидемијата и настани на супер ширење и ги проучувале факторите кои го попречуваат и помагаат ширењето на вирусот, за да дизајнираат математички модел кој зема предвид многу фактори пред да даде процент на ризик од инфекција.

Научниците напоменуваат дека овие проценти не се совршено точна проценка, но помагаат да се одговори на неколку сложени прашања: Во кои ситуации е најголема веројатноста дека ќе добијам корона? Во кои е најмалку веројатно?

Ако влезете во преполна кино сала со лоша вентилација и претежно немаскирана публика, има 14% шанса да се заразите, под претпоставка дека сите во просторијата молчат пред, за време и по филмот, се наведува во истражувањето. Но, ако има луѓе кои зборуваат, шансите за инфекција ако никој не носи маска скока на 54%. Ако сите носат маска, ризикот од инфекција паѓа на 5,3% без разговор и 24% со зборување.

Имајќи предвид дека ковид се шири првенствено преку честички во воздухот, маските, вентилацијата, бројот на луѓе во просторијата или зградата и времето поминато во тој простор се клучни фактори. Важно е и она што се случува околу поединецот.

Најголем ризик претставува интензивното вежбање, потоа викањето и пеењето, па нормалното зборување. Најмалку загрижува категоријата „тивка средина“, се вели во студијата. Не е изненадувачки дека престојот на отворено и носењето маска е најдобриот начин да се избегне корона вирус, пишуваат истражувачите.

Интензивното вежбање на лошо проветрено место полно со луѓе без маски е речиси сигурен начин да се заразите со корона – шансите се дури 99%. Вежбањето дури и за кратко време во добро проветрена теретана носи 17% шанса за инфекција, ако не се користат маски. А, ако е слабо проветрено? Шансите се 67 отсто, тврдат научниците.

Од Американскиот центар за контрола и превенција на болести велат дека покрај носењето маски, вакцинацијата и растојанието од најмалку два метри, подобрената вентилација – вклучувајќи отворени прозорци, тавански вентилатори и преносни прочистувачи на воздух – може да помогне да се спречи ширењето на ковид.

„Со добра вентилација, или со проветрување, концентрацијата на вирусните честички во воздухот ќе биде помала и тие ќе го напуштат вашиот дом побрзо отколку со слаба вентилација, или без да ги проветрите собите“, велат од таму. Но, научниците заклучија дека многу затворени објекти, канцеларии, училишта, цркви – зградите во кои го поминуваме нашиот секојдневен живот – не се соодветно дизајнирани или опремени за да се справат со пандемија.

„Итно треба да ја подобриме безбедноста на воздухот што го дишеме во низа средини“, напишаа истражувачите.

„Податоците од епидемијата на ковид постојано покажуваат дека голем дел од зградите ширум светот имаат многу ниски стапки на вентилација“, заклучуваат тие.

актуелно вирус зараза ковид корона пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.