Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дипломатски „десант“ на Киев и Москва
Европа

Дипломатски „десант“ на Киев и Москва

февруари 7, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во претстојните недели во Киев ќе има вистински десант на западни политичари кои сакаат да се уверат каква е реалната состојба на линијата на разграничување во Донбас.

Новата министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, по втор пат оваа година доаѓа во Украина. Таа таму ќе престојува на 7 и 8 февруари.

Германија е членка на т.н Нормандиска група чија задача е реализација на договорите од Минск со кои требаше да се нормализира ситуацијата на истокот на Украина. За разлика од водечките земји од НАТО, Германија веќе му порача на раководството во Киев да не сметаат на добивање оружје од нив. Наместо оружје, Германците им испратија на Украинците шлемови и полски болници.

Во истите денови кога ќе биде министерката Бербок, во Киев ќе стигнат министрите за надворешни работи на Словачка, Австрија и Чешка. И тие ќе ја посетат демаркационата линија во Донбас. Чешкиот министерот Јан Липавски, потоа австрискиот Александар Шаленберг и словачкиот Иван Корцог доаѓаат на покана на украинскиот колега Дмитриј Кулеба.

Во саботата, некои украински сајтови објавија информација дека во Киев се обврзале да ги разгледаат предлозите на Доњецката и Луганската народна република за нормализација на состојбата во Донбас. Проблемот е што до сега во Киев постојано повторуваа дека не сакаат да преговараат со претставниците на Доњецк и Луганск, кои ги нарекуваат бандити. И сега претседателот Зеленски вели дека за нормализирање на односите на украинската граница сака да преговара со Русија. Ако во Киев не се согласат да разговараат со претставниците на Донбас, проблемот со источна Украина не може да се реши по дипломатски пат, бидејќи претседателот Путин многупати рекол дека Русија не е во војна и дека Донбас е внатрешен проблем на Украина.

После повеќе телефонски разговори, денеска во Москва ќе разговараат претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. Главна тема на разговор ќе биде ситуацијата околу Украина, но ќе се зборува и за предлогот на Русија за писмени гаранции за безбедноста на Европа и за непроширување на НАТО на исток.

Само еден ден по средбата со Путин, Макрон во Берлин ќе се сретне со новиот германски канцелар Олаф Шолц и со полскиот претседател Анджеј Дуда. Германскиот канцелар Шолц ќе се сретне со Путин во Москва на 15 февруари.

Од друга страна, високи американски претставници за Ројтерс изјавија дека Русија веќе подготвила 70 отсто од потребната борбена моќ за влез на нејзините единици во Украина.

Во последните две недели бројот на руски баталјони се зголеми од 60 на 83, а на пат се уште 14.

Прогнозата на Американците е дека земјата во Украина ќе замрзне до 15 февруари, што ќе им овозможи на руските механизирани единици лесно да се движат по неасфалтираните патишта.

Така, според американската прогноза, Украина би „паднала“ за неколку дена. Во таа кратка војна Американците прогнозираат дека би загинале од 5.000 до 25.000 Украинци. Загубите на руската армија би можеле да бидат од три до десет илјади војници, додека би загинале и меѓу 25.000 и 50.000 цивили. Вкупно во таа војна би можеле да загинат вкупно 85.000 луѓе. Во американските воени кругови постојано се повторува дека во случај на војна, руската армија може да го освои Киев во рок од 72 часа.

„Украина не може да војува со Белорусија бидејќи таа војна би траела три или четири дена. Во Украина нема кој да се бори“, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Западот не би се вклучил во таа војна бидејќи знаат дека е безперспективна.

 

 

 

 

 

(Извор: Новости)

актуелно Владимир Путин Донбас Емануел Макрон Киев Москва Олаф Шолц русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.