Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судир на англиските титани: Сити – Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата
Фудбал

Судир на англиските титани: Сити – Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата

април 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Џејми Карагер го нарече најголемото ривалство во историјата на Премиер лигата. Навивачите и неутралните љубители на фудбалот со таа констатација на легендарниот Англичанец нема да се согласат, но потребата на Карагер за сензационализам и внимание, секако, нема да ги намали нестрпливоста и исчекувањето стрелките на часовникот во недела да покаже во 17.30 кога судијата Ентони Тејлор на „Етихад“ ќе дувне во свирчето и ќе го означи почетокот на дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Влогот на мегданот на островските гиганти, можеби е и титулата, иако до крајот и двете екипи имаат по уште седум средби, не сметајќи го претстојниот. Првопласираниот Сити го пречекува вториот на табелата со предност од еден бод, а Ливерпул е во страшна серија од десет последователни победи во Премиер лигата. Значи, сите знаци за вистински спектакл се тука.

Меѓу факторите на спектаклот се вбројуваат и двајцата кои ќе стојат покрај теренот и ќе им даваат инструкции на фудбалерите – Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, тренери кои станаа синоним за ова ривалство. Од доаѓањето на Шпанецот на островот во 2016 година, „граѓаните“ и „црвените“ одиграа 11 премиерлигашки дуели и изедначени влегуваат во овој утрешниот, бидејќи и двајцата имаат по четири победи и три нерешени.

„Ајде да ги погледнеме сите можни исходи: ако победиме, ќе одиме на два бода предност. Ако загубиме, ќе бидеме на минус четири. Со реми се останува како што е. И тогаш како може некој да мисли дека се ќе се реши во недела? Навистина е многу важен натпревар, но би бил исто така голем и важен и да имавме 15 поени помалку“, Клоп во свој стил ја „спушти топката“.

И Пеп настапи слично на конференцијата за медиумите.

„Големи три бода се во игра, но до крајот има уште седум натпревари, како и Лигата на шампионите, ФА Купот. Немам грижи, спијам како бебе, едвај чекам да почне натпреварот. Единствениот проблем е што Премиер лигата ни закажа натпревар во времето кога настапува Тајгер Вудс.

Салах е највреден

Парите можеби не играат фудбал, но на овој натпревар ќе ги има во изобилство. Заедничката вредност на двата тима е 1,859 милијарди евра (Сити 959,3 милиони, Ливерпул 900,5).

Кога се во прашање најскапите поединци, колото го предводи асот на „црвените“, Мохамед Салах (100 милиони), додека зад него е тандемот „граѓани“ составен од Кевин Де Брујне и Фил Фоден (90).

граѓани дерби Етихад Ливерпул Манчестер Сити
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Данска од 1 јануари 2027 година ќе вработува граѓани од 16 земји што не се членки на ЕУ

септември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.