Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Денес Русите го исклучуваат гасот преку „Северен тек 1“
Европа

Денес Русите го исклучуваат гасот преку „Северен тек 1“

јули 11, 2022Updated:јули 11, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рускиот гасен гигант „Газпром“ денеска започнува со рутинско 10-дневно одржување на гасоводот „Северен тек 1“, а Германија и другите европски земји загрижено ги следат настаните и се во исчекување дали гасот повторно ќе протече. Годишните работи на двата гасоводи беа најавени многу порано, меѓутоа постои страв дека, додека поради инвазијата на Украина односите меѓу Русија и Западот се на историски најниско ниво, „Газпром“ би можел да ја искористи можноста едноставно да ги затвори вентилите.

„Путин ќе ја затвори славината за гас… но дали повторно ќе ја отвори?“, пишува на интернет страницата на германскиот дневен весник „Билд“.

„Се соочуваме со ситуација без преседан – сè е можно“, изјави германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек за јавното радио во текот на викендот.

„Можно е гасот повторно да протече, дури и на повисоко ниво на волумен од претходно“, рече тој. Меѓутоа, предупреди на можноста ништо да не стигне и дека сепак треба да бидеме подготвени за најлошото, додека Европа се бори повеќе да не зависи од руските енергенси.

Барем едно прашање беше решено во текот на викендот, кога Канада се согласи на Германија да и ги врати турбините потребни за одржување на гасоводот „Северен тек 1“, и покрај приговорите од Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, преку својот портпарол, вчера ја поздрави одлуката на, како што рече, „канадските пријатели“ да му дадат временски ограничена и отповиклива дозвола за „Сименс Канада“ да дозволи враќање на машината. Русија инсистираше на тоа дека треба да ја обнови машината пред да може да го зголеми протокот по неколку недели значителни намалувања.

Украина, меѓутоа, минатата недела го обвини Берлин дека попуштил пред руската „уцена“ откако Москва за намалување на снабдувањето ги обвини поправките, а не пазарните услови предизвикани од војната во Украина. Москва во последниве недели го намали снабдувањето за 60 отсто, наводно заради недостатокот на турбина, иако Берлин ја осуди, како што ја нарече, „политичката“ одлука.

Овие намалувања индиректно се одразија на снабдувањето на голем број земји од ЕУ, вклучително и Полска и Бугарија, кои доживеаја целосно затворање. Берлин објасни дека од технички причини ќе биде тешко „Газпром“ целосно да ги запре испораките преку „Северен тек“.

„Северен тек 1“ е најдолгиот подморски гасовод во светот, кој минува под Балтичкото Море од Русија до Германија и е во функција веќе една деценија. Германија увезува околу 35 отсто од гасот од Русија, во споредба со 55 отсто пред почетокот на конфликтот во Украина. Интернет страницата на „Северен тек“ покажува дека гасот што пристигнува во германскиот град Лубмин сè уште се испраќа во Белгија, Данска и Франција, како и во Велика Британија и Холандија.

 

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно Газпром германија русија Северен тек Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.