Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Митревски: Материјалите за преговарачката рамка кои ги бара опозицијата ќе бидат доставени до пратениците
Македонија

Митревски: Материјалите за преговарачката рамка кои ги бара опозицијата ќе бидат доставени до пратениците

јули 11, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието, информира денеска координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по денешната координација посветена на Информацијата.

– Ако овие материјали не биле достапни, тогаш што сме правеле ние 3-4 часа, врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, така што затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор, рече Митревски.

Во однос на тоа дали ќе се одржи нова средба на работната група на собраниските политички партии во врска со предлог-преговарачката рамка, Митревски информира идејата на првата средба била да се договорат заклучоци по однос на Информацијата и по завршување на дискусијата по неа, тие заклучоци да бидат предмет на гласање.

„Заклучоците се ставаат на гласање и врз основа на тие предлог-заклучоци пратениците се изјаснуваат. Од друга страна, имавме предлози за промени во преговарачката рамка што не се возможни. Значи, не е возможно ние да ја задолжиме Владата да ја промени преговарачката рамка, која што ја доставува ЕУ. По таа логика би требало ние да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка. И во однос на тоа прашање дали ќе продолжат тие разговори еве јавно кажувам дека сме отворени и денес и вечер и утре и кога ќе одлучат пратениците од опозицијата да разговараме за предлог-заклучоците, изјави Митревски.

Тој додаде дека со тие предлог-заклучоци ќе бидат избиени сите дилеми во јавноста, во делот на јазикот, иако е чист, и за делот на историјата, билатералните прашања, образованието, за посебноста на македонскиот народ, за посебноста со сите нејзини елементи, за идентитетот.

„Се она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години, истакна Митревски.

Во врска со билатералниот протокол со Бугарија, Митревски потенцира дека неговата содржина се уште не е договорен и таков документ не е потпишан.

„Кога ќе биде потпишан и кога ќе биде договорен тогаш ќе биде објавен за цела јавност и верувајте дека се ова што сега се зборува ќе видите дека тогаш кога ќе биде објавен ќе биде се побиено, додаде Митревски. 

 

 

МИА

актуелно материјали митревски опозиција преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.