Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Најава за истрага против семејството Трамп

ноември 19, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

ноември 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Најава за истрага против семејството Трамп
  • СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните
  • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
  • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста
Македонија

Ковачевски: Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста

септември 7, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Како НАТО членка посветено придонесуваме кон колективната безбедност и ова е видливо низ изминатата година преку сите активности без разлика дали е помошта и поддршката за Украина, воените вежби Брз одговор или Блесок 22 и други активности. Но воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме што поблиску и што поточно до граѓаните. Од комуникациите и од нашата отвореност зависи дали и како граѓаните ќе разберат на кои начини работиме секојдневно на зачувување на нивната безбедност, порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Северна Македонија.

– Иако, во безбедносните кругови понекогаш преовладува мислата дека во јавноста нема дискусија за безбедноста, значи дека безбедноста си ја врши работата, сепак, јас лично не се согласувам со таа теза. Сметам дека во ерата на дезинформациите и хибридните напади токму стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата и доспеваат до точните и проверени информации до граѓаните наспроти дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв. Воената инвазија врз Украина од страна на Русија и огромниот наплив на дезинформации околу истата ни покажа дека комуникациите можат да имаат сериозно разорно влијание и против таквото влијание мора да се бориме. Точно е дека Украина во овој момент одлично се справува со информациската војна за што од сите нас има поддршка, но токму таа информациска војна ни покажува колкава е улогата на комуникациите во стабилноста на една земја и еден регион, рече премиерот Ковачевски.

„Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста. Безбедносната криза со која се соочува Европа и светот, како и во информациската сфера преку сајбер безбедноста и хибридните напади покажува дека сите ние без разлика дали како членки на НАТО или како европски и уште повеќе балкански земји мора да продолжиме со интензивниот фокус на ова поле. Борбата со дезинформациите е приоритет на кој работиме и меѓусекторски во Владата, но и партнерски со медиумските и граѓанските кругови. Само здружениот општествен пристап може да биде одговор бидејќи проблемот со хибридните дејствија е сложен и може да влијае врз целото општество, нагласи Ковачевски.

Тој подвлече дека точните и проверени информации кои се лесно достапни се ресурс во борбата против дезинформациите на дневно ниво, а воспоставениот стандард и репутација на отвореност и транспарентност помага во намалување на ширење на дезинформациите.

На отворањето на Конференцијата, свои обраќања ќе имаат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, а видео-обраќања ќе имаат и командантот на Сојузничката команда за операции, генералот Кристофер Каволи и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералот Филип Лавињ.

На Конференцијата во Скопје ќе учествуваат околу 300 лица. Во рамки на Конференцијата ќе бидат организирани неколку панели посветени на стратегиските комуникации, на што ќе претходат неколку работни групи во оваа област.

 

МИА

актуелно информациска ковачевски комуникација сфера
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Најава за истрага против семејството Трамп

ноември 19, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

ноември 19, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.