Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Едвард Џозеф: „Македонија треба да се фокусира на реформите“
Македонија

Едвард Џозеф: „Македонија треба да се фокусира на реформите“

септември 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред“, изјави Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД.

Преспанскиот договор, вели, бил постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција е членка на НАТО и ЕУ, преговорите се воделе на еднаква основа и имало фер компромис со отстапки и од Грција и од Северна Македонија. Францускиот предлог, пак, воопшто не ја засегнал предноста на Бугарија и тој го одразувал тоа. Смета дека е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создавал лош преседан во Унијата.

„Граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но, сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно“, рече Џозеф, кој денеска учествуваше на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во Скопје.

Тој смета дека со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Македонија, како што беше случајот со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја. И тие, вели, можат да го направат тоа.

Иницијативата „Отворен Балкан“, според него, е добра за земјите од регионот во однос на трговијата, но е лоша идеја тоа да се прави со режим кој е, вели, креиран за да ја зголеми српската политичка моќ која има најголема економија со трговски суфицит со многу држави во регионот.  -Србија е автократија не е демократија и се движи во погрешна насока, а во контекст на Русија и Украина, тоа значи нестабилност, додава тој.

„За Северна Македонија е добро да има добри односи со сите соседи вклучувајќи ја и Србија, добри трговски односи. Вашата земја и регионот се посветени на европска и евроатлантската интеграција, но Србија се противи на НАТО со тоа што ја поддржува Русија, промовира руски наративи и ‘Отворен Балкан’, начинот на кој е дизајниран и овозможува поголемо политичко влијание на Србија во регионот, што води кон нестабилност. За вашата безбедност, како мала земја, која се соочува со закани од Бугарија, она што и треба е да не биде под ‘српскиот чадор’. Вашата безбедност треба да ја барате под чадорот на НАТО и ЕУ и да одржувате добри односи со сите земји, со Косово и Грција. Треба да го балансирате Отворен Балкан со ‘здрав триаголник’ Скопје – Приштина – Атина, со земји кои ги почитуваат постојните граници и идентитети“, смета американскиот експерт за регионот.

Тој појаснува дека српскиот национализам води кон албанскиот национализам,  едниот го промовира другиот национализам, а „Голема Албанија е целосно деструктивна за оваа земја“, иако, вели, не може да каже дека Албанците го бараат тоа.

Во однос на бугарскиот национализам Џозеф вели дека тоа е вистинска закана бидејќи Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено. Тоа, според него е кршење на духот и словото на Договорот за пријателство, а однесувањето на Бугарија е се само не пријателско.

„Заканата од Бугарија е реална, а она што ви останува е да ја искористите предноста од скрининг процесот. Не се потребни уставни измени во моментов и треба да се фокусирате на реформите, кои се во интерес на земјава. Искористење ја и предноста од претседавањето со ОБСЕ. Тоа е огромна можност во историско време кога се случува војна меѓу Русија и Украина, која има импликации на целиот свет. Вашата земја ќе ја води организацијата, која е формирана за безбедноста на истокот и западот и тоа е огромна можност и привилегија за вашата земја да го демонстрира тоа лидерство во ваков клучен момент во историјата“, потенцира американскиот професор.

За уставните измени, тој укажува на изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека во моментов нема услови за тоа, но повтори, важно е што гласањето не треба да се случува денеска и дека земјата треба да се фокусира на реформите.

Во однос на информациите во Стејт департментот дека повеќе од 300 милиони долари биле уплатени на сметки на непартиски и владини структури во источноевропските земји, Џозеф посочува дека Извештајот е потврда на континуираната закана од страна на Русија и земјите кои се на линија со неа, „како Србија и Александар Вучиќ, кои одбија да воведат санкции против Москва, поради што и безбедноста на земјава е во опасност од земји кои кои ја поддржуваат Русија“.

На конференцијата на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза“, во организација на Американ колеџ и УНХЦР во Македонија, учествуваат 20 панелисти од земјава и од странство, а меѓу говорниците беше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

 

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)

актуелно Едвард Џозеф македонија ОБСЕ УНХЦР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.