Новите податоци од „Кредит Свис“ (Credit Suisse) покажуваат дека минатата година имало „експлозија на богатство“.
Глобалната популација на поединци со ултра висока нето вредност се зголеми за 46.000, на рекордни 218.200. Во извештајот се наведува дека растот на богатите имал корист од зголемувањето на вредноста на финансиските средства минатата година, пишува „Вижл Капиталист“ (Visual Capitalist).
Поголемиот дел од ултра-богатите поединци веќе живеат во Соединетите Американски Држави, но во 2021 година забележано е неверојатен пораст од 30.470 луѓе додадени на оваа ексклузивна категорија на ултра-богати во земјата.
Во Кина и Индија има драматичен пораст на нивната ултра богата популација, но им претстои уште долг пат за да ја стасаат Америка.
Најголем пораст, освен САД, имаат Кина (5.200), Германија (1.750), Канада (1.610) и Австралија (1.350).
Намалувањето на бројот на многу богатите беше поретко, но се случи во неколку држави. Најголем пад забележаа Велика Британија (-1.130), Турција (-330) и Хонг Конг (-130).







