Аргентинскиот суд, за прв пат во историјата на земјата, додели заедничко старателство над две кучиња по разводот на брачен пар без деца и им одобри право на посета. Судот во Сан Исидро, град северно од престолнината Буенос Аирес, му додели старателство над деветгодишната мешана раса Киара на нејзиниот 42-годишен сопственик.
За Попај, шестгодишниот црн лабрадор, ќе се грижи неговата 47-годишна сопственичка, објави адвокатот Брајан Кнобел.
Договорот за развод предвидува двајцата поранешни сопружници да можат редовно да го посетуваат другото куче кое не е во нивно старателство, а исто така да можат да ги разменат, им изнесе адвокатот детали од пресудата на новинарите.
„Нема проблем да се сретнеме сите четворица, без разлика што сме разведени“, изјави за локалната телевизија, Аморина Абаској, која се разведе од сопругот по 15 години брак.
Иако после разводот Попај и Киара се гледаат секоја недела, еден на друг многу си недостигаат, призна Абаској.
Адвокатот Кнобел рече дека двојката ги смета кучињата за „личности кои не се луѓе, но имаат чувства“.
„Едно прашање се уште останува нерешено, а тоа е исхраната. Г-ѓа Абаској сака урамнотежена храна за кучиња, а нејзиниот поранешен сопруг, Емануел Медина, ја храни Киара со житарки“, предупредува адвокатот.
Во 2015 година, еден аргентинскиот суд пресуди дека мајмунката Сандра, која живеела сама во кафез во зоолошката градина во Буенос Аирес, има фундаментални права „за лица кои не се луѓе“. Поради ова, таа била пренесена во резерват во САД.







