Вчеравечер околу 20.40 часот неколку воени авиони прелетаа ниско над Дубровник. Се слушнал силен, продорен звук, а голем број граѓани излегоа на своите балкони да проверат што се случува. Според зборовите на очевидци, авионите слетале на дубровничкиот аеродром.
Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека во прашање биле американски авиони Ф-18.
„Американскиот носач на авиони ‘Џорџ Х.В Буш’ спроведува редовни активности во Средоземното Море. Имено, во рамки на тренинг активностите, во понеделник, 24.10.2022 година, во текот на вечерта, на аеродромот во Дубровник слетаа осум авиони Ф-18 за полнење гориво“, се вели во соопштението на министерството.
Од таму истакнуваат дека посетите на сојузничките борбени авиони се вообичаени во НАТО алијансата, особено во областите каде што се активни воздухопловните сили и борбените авиони на американската морнарица и американските маринци.
„Полнење гориво се врши на аеродромите на земјите членки на Алијансата, каде што цивилниот воздушен сообраќај ќе биде најмалку попречен со овие активности и кои ја имаат потребната инфраструктура и капацитети потребни на сојузничката авијација“, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска.







