Во масакр на таканаречениот Остров на љубовта, Киривина, убиени се најмалку 30 луѓе, а повеќе се тешко ранети. Ваков „колеж“ во Папуа Нова Гвинеја досега не се случил. Локалните власти го истражуваат случајот.
Киривина е најголемиот од островите Тробрианд, кои се познати како љубовни острови, поради необичните ритуали поврзани со интимните односи во домородните заедници.
„Њујорк пост“ пишува дека жителите на Тробрианд негуваат сексуално позитивна култура во која интимните односи се сметаат за многу важен сегмент од општествените односи, особено кај младите луѓе.
Заедницата ги поттикнува на секс многу порано отколку во западната култура, а секое село има колиба наречена „букуматула“ во која се очекува тинејџерите да имаат интимни односи.
Деталите за масакрот се уште не се познати, но се знае дека станува збор за конфликт меѓу две племиња.
Локалните медиуми јавуваат дека се случила вистинска мала војна, и дека овој остров не памети ваков масакр.







