Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Рекордно ниво на размената со Бугарија, приоритет инфраструктурното поврзување
Економија

Османи: Рекордно ниво на размената со Бугарија, приоритет инфраструктурното поврзување

ноември 8, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија и Бугарија бележат рекордно ниво на трговска размена, а постои уште поголем потенцијал за динамизирање на соработката во енергетиката, земјоделството, здравството…Во наредниот период мора да се посвети максимално внимание на поставените приоритети за целосното инфраструктурното поврзување на Коридорот 8, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната официјална посета на Софија.

Според Османи, за инфраструктурните проекти во изминатиот период немало доволно политичка волја и не е оправдување тврдењето за тешката географија. Поставените приоритети за поврзување, според него, сега веќе се гледаат на дело со работата на железницата, останатите планови во патната инфраструктура, договорот за гасното поврзување.

„Точна е констатацијата дека инфраструктурната поврзаност Исток – Запад е запоставена низ годините и децениите наназад. Некои тоа го оправдуваат заради тешката географија. Мислам дека новите технологии не познаваат тешка географија, туку веројатно немало доволно политичка волја да се создаде инфраструктурна поврзаност, патна, железничка и дигитална во поново време, па и енергетска поврзаност, Исток-Запад, односно Црно Море со Јадранско Море, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот бугарски колега Николај Милков.

Затоа, дополни Османи, Коридорот 8 е најважниот приоритет на Владата на Северна Македонија, а претпоставувам и на Владата на Република Бугарија, што веќе се покажува на дело. Минатата недела премиерот на Бугарија беше во Северна Македонија, каде почнаа работите за железничката врска до Деве Баир.

„Од друга страна, за неколку недели или месеци очекуваме да почне автопатското решение кое што ќе го поврзе Скопје со границата со Албанија, исто така и железничкиот коридор до Албанија. Значи, ќе мора во тој дел да посветиме максимално внимание и во смисла дека е во приоритетите на двете влади. Денеска разговаравме и за иницијативата осум како важна платформа којашто ќе ја зголеми конективноста од Црно Море до Јадранско Море, рече Османи.

Тој истакна дека е особено задоволен што премиерите на двете држави неодамна заеднички го означија стартот на градбата на железничкиот Коридор 8, како и дека е успех неодамна потпишаниот договор со кој се овозможува од 1 јануари следната година преку Бугарија нашата држава да се снабдува со гас од повеќе извори.

Според Османи, за интензитетот на трговските односи со Бугарија, говори растот на трговската размена која за првите осум месеци од годинава веќе изнесува над 710 милиони евра со тенденција да достигне над милијарда евра, што ќе биде 51 проценти зголемување во однос на 2020 година. Тоа, посочи, ќе ја стави Бугарија на петто место на листата на Северна Македонија со земјите со кои има највисока трговска размена.

Растот на трговската размена ја потенцираше и Милков истакнувајќи дека никогаш досега не била со толку голем износ, што оцени дека е показател за посветеноста за економската соработка и инвестициските активности.

Во однос на плановите на државава да купува струја од Бугарија, рече дека неговата земја работела многу активно на различни нивоа со Европската комисија.

„Работевме напорно енергетскиот пакет за Западен Балкан да не вклучува само краткорочни и долгорочни мерки за зелена транзиција и енергетска ефиканост, туку и за пакет финансиски средства, кои ќе ја покријат потребата на земјите од регионот во текот на зимскиот период. Република Северна Македонија има дел од таа помош за која скромно се надеваме дека сме помогнале, посочи Милков.

Османи и Милков на средбата договориле следниот месец да организираат заеднички бизнис форум во Скопје, на кој ќе ги спојат бизнисите од двете држави со надлежни институции за дополнително да се идентификуваат предизвиците и потенцијалите за уште поголема соработка.

актуелно бугарија Османи размена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.