Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата
Локално

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата

ноември 10, 2022Updated:ноември 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за тоа дали и колку се контаминирани почвата и подземните води на тоа место.

Според информациите, компанијата ОХИС на оваа локација во 1976 година депонирала одредена количина на HCH- отпад и отпадот бил спакуван во метални буриња и истите биле депонирани во две јами ископани на локалитетот, кој бил обележани со бетонски ѕидови, но она што го увидовме на терен беше дека линданот, кој, според првичните информации е присутен таму, воопшто не бил складиран во буриња, туку само бил исфрлен во јамите, кои потоа биле затрупани со земја.

Резултати од истражувањето, според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бидат готови до крајот на годината, но според информациите кои ги добивме од луѓето кои работат на терен, од мерењата со ХРФ анализаторот, кој веднаш индикативно, приближно ги покажува добрите вредности на хемискиот состав на почвата, се забележува присуство на хексахлороциклохексан.

Целта на истражувањето, е да се направи проценка на обемот и степенот на контаминација, да се предложат опции за ремедијација на локацијата и да се проценат трошоците за предложените опции за ремедијација.

„Врз основа на планот за истражување по кој се постапува, се копаат контролни сонди, ќе се инсталираат бушотини, се поставија два мониторинг бунари за мониторирање на подземните води, уште еден сега е во фаза на поставување, ќе се земат примероци, ќе се анализираат примероците и како краен заклучок ќе се направат пресметки за обемот и степенот на радијација, ќе се предложат мерки за ремедијација и ќе се дадат пресметки, односно проценки за потребните средства за сите тие опциии за ремедијација, нагласи за МИА Александар Мицковски, од Канцеларијата на POPs, при МЖСПП.

Тој додаде дека според информациите добиени од лица кои работеле во ОХИС или живеат во околината на Пеленица, на местото се закопани околу 8.000 тони линдан.

„Предмет на истражувањето е да се види обемот и степенот на контаминација како вертикална, така и хоризонтална, ќе се одредат површините, ќе се одреди волуменот, тежината и сходно на тоа и опциите за ремедијација ќе бидат предложени. Кога во иднина би се правело анализа на ризикот ќе се земат примероци на поголема оддалеченост од овде да се види дали има депонорано од прашината и на тие локации, меѓутоа во тој контекст земавме и направивме и два бунари за мониторинг на подземни води, малку подоле од локацијата, да се види дали подземните води се афектирани од оваа контаминација, а со оглед на конфигурацијата на теренот која што наведува дека движењето на подземните води е во таа насока, појасни Мицковски, осврнувајќи се на тоа дали е контаминирана и околината на локацијата.

Тој нагласи дека во примероците од почвата чии вредности се измерени со ХРФ анализаторот се забележува голема концентрација на хлор.

„Се уште примероците не се испратени за лабараториска анализа, значи контролните сонди се отворени, бушотините се уште не се направени, така да кога ќе се заврши сето тоа, кога ќе се подготват примероците, кога ќе се испратат во лабараторијата и таа ќе каже дефинитивно, нели во поглед на концентрацијата, меѓутоа како прелиминарна мерка во поглед нели ете и на нас да ни даде насоки како да постапиме понатаму во поглед на премерувањето, се користи ХРФ анализаторот, кој што го мери присуството на елементите во почвата, така да може да се каже дека во неколку контролни сонди концентрацијата на хлор е многу голема, што укажува на тоа дека станува збор за хексахлороциклохексан кој е депониран тука, истакна Мицковски.

Тој наведе дека се направени околу 20 контролни сонди и ќе се направат четири бушотини.

„Контролните сонди се направени, бушотините ќе се направат, еве пи-изометрите се поставуваат и потоа како крајна фаза ќе следи мапирање на целиот овој предел со употреба на дронови, така да сите овие контролни сонди, местата од каде што се земаше примероци ќе бидат евидентирани на мапа, а исто така ќе се направи и 3Д моделирање, не само на конфигурацијата на површината на земјата, туку и во внатрешноста на земјата со тие изеконцентрациони линии и ќе се види како се движи отпадот и како е распореден внатре, наведе Мицковски.

Тој потенцираше дека откако ќе се добијат резултатите од истражувањето, односно степенот на контаминација, како и предлозите и пресметките за чистење на локацијата, треба да се обезбедат средства за ремедијација.

„До крајот на годината ќе ги имаме резултатите ќе ги имаме сите пресметки и сите предлози како да се постапи понатаму со проценети трошоци и потоа следува обезбедувањето на средства за чистење на локацијата. Обезбедувањето на средства не е толку брза и наивна работа, потребно е да се подготвни документација, проект, да се најдат донатори, така да тоа е слично како и чистењето сега што го спроведуваме кај депониите во ОХИС, нагласи Мицковски.

И покрај тоа што со години здруженијата кои се занимаваат со заштита на животната средина, како и граѓаните кои живеат во околината на ОХИС, апелираат за опасноста од затрупаниот линдан, беа потребни години за државата да преземе чекори со цел истиот да биде отстранет. МЖСПП во моментов ја чисти малата депонија во ОХИС, а сега се спроведува истражување за загаденоста на Пеленица. Потребни се уште многу средства за целосно да биде исчистен линданот и да се направи ремедијација на околината.

 

 

ФОТО: МИА

актуелно истражување линдан пеленица
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.