Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат
Скопје

Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат

ноември 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ градот. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час.

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 уште вчера најавија дека денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот.

Најавија дека нивни претставници утринава ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием. Во зависност од исходот на средбата, добиените одговори и предлог решенија, ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците.

Од Град Скопје утринава информираа дека приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Посочуваат дека автобусите на ЈСП Скопје на линиите 9,12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.

„Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од друга страна, во тек се реконструкции на неколку главни сообраќајници во главниот град за кои МИА пишуваше минатата недела. Во одговорот што МИА го доби од Град Скопје стоеше дека реконструкциите се на барање на граѓаните и дека се прават поради дотраеност на улиците.

„На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, наведоа од Град Скопје.

 

автобуси актуелно приватен превоз
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.