Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Топланите и поголемите производствени капацитети продолжуваат да работат на гас и по 1 јануари
Економија

Топланите и поголемите производствени капацитети продолжуваат да работат на гас и по 1 јануари

декември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Топланите во Скопје и поголемите производствени капацитети ќе продолжат да работат на природен гас. Енергенсот ќе се набавува од бугарската компанија „Balkan Utilities” за што вчера ЕСМ Продажба потпиша договор.

Од компанијата информираа дека бугарската компанија понудила цена од 115,97 е/MWh за јануари и дала понуда за снабдување до мај, а „Макпетрол” понудила цена од 116,20e/MWh.

„Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда, соопшти ЕСМ Продажба.

Повикот за прибирање понуди од домашни и странски компании беше објавен на 23. овој месец.

Претходно, компанијата „Макпетрол” најави дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас поради, како што наведоа, новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА” АД и „Булгартрансгас”.

„Од причина што до овој момент не се донесени подзаконските акти согласно Законот за енергетика, кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас во согласност со договорот за интерконекција, „Макпетрол” АД Скопје нема можност да отпочне со новите услови на работа предвидени со новиот Договор за интерконекција. Дополнителен проблем преставува и фактот што и по 5 (пет) години од донесувањето на Законот за енергетика сè уште нема сертифициран Оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти, соопштија од компанијата.

По ова уследи состанок во Регулаторната комисија за енергетика на кој претседателот на РКЕ Марко Бислимоски изјави дека проблемот е надминат и оти новите правила на пазарот ќе важат од 1 јануари.

Како што изјави Бислимоски во петокот, сите учесници на пазарот биле повикани да го следат текот на подготовката на новите подзаконски акти и биле информирани оти од 1 јануари тие ќе стапат во сила и дека треба да учествуваат според новите правила.

„Државата го има договорот со „Газпром” и апсолутно си го почитува до крај. Овој дополнителен капацитет од 500 илјади нормални кубни метри за којшто „Булгартрансгаз” и ГА-МА помогнаа да се зголеми, ќе биде предмет на аукција и за тој капацитет ќе може да се јават, а и веќе се јавиле од бугарска страна двајца трговци со природен гас коишто го закупиле. Тие штом го закупиле сигурно дале пари за тоа се и заинтересирани да влезат и на нашиот пазар за природен гас. Значи, тие 800 илјади нормални кубни метри остануваат во функција и „Газпром” преку компанијата „Макпетрол” може да ги стави на располагање на македонските потрошувачи, изјави Бислимоски.

Изработката на подзаконските акти е почната од септември и со тоа, според РКЕ, навреме биле запознаени сите засегнати страни, особено од октомври кога беше потпишан договорот меѓу ГА-МА и „Булгартрансгаз” за зголемување на капацитетот на гасоводот за нови 500.000 нормални кубни метри на досегашните 800.000 нормални кубни метри, кои до 2030 година целосно ги има закупено руски „Газпром”

актуелно гас капацитет капацитети производствен топлана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.