Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, започна денеска во Виена со презентацијата на македонската програма за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ зборува за предизвиците со кои се соочува оваа организација, како и визијата и плановите на Македонија како претседавач во 2023-тата година.
За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ и со претседателот на Швајцарија, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот и за улогата на ОБСЕ во справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Русија врз Украина.







