Во најголемиот дел од земјата ќе се задржи сончево и топло време, со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од -1 до 3°C, а дневната од 9 до 20°C.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, со слаб ветер од променлив правец.
Утрово најниска температура беше измерена во Маврово и во Берово, -1 степен Целзиусов, 0 степени беше на Попова Шапка и во Охрид, 1 степен во Скопје и Битола, 2 во Претор, Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Демир Капија, 3 во Крушево, 5 во Виница и Струмица, 7 во Штип и Гевгелија, а најтопол град беше Дојран со 8 степени.







