Вчера изби тепачка меѓу пратениците во грузискиот парламент вчера, за време на расправата за предлог-законот за „странски агенти“, за кој критичарите велат дека е направен по моделот на драконскиот закон во соседна Русија.
Законот предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „странски агенти“ и да бидат подложни на надзор од Министерството за правда.
„Руското законодавство што сега се предлага во парламентот е против националните интереси на Грузија, тоа е спротивно на нашите европски аспирации. Целата меѓународна заедница и грузиската заедница се согласни по ова прашање“, рече Иракли Павелнишвили, активист за граѓански права и опозициски политичар.
Видеото од зградата на парламентот во главниот град Тбилиси покажува кратка, но насилна пресметка меѓу пратениците која почна откако претседателот на комисијата за правни прашања го удри лидерот на опозициската партија Обединето национално движење, која се противи на законот.
Владејачкиот блок „Грузиски сон“ минатиот месец ја објави својата поддршка за законот, кој сега треба да ја помине втората фаза на одобрување пред да стане закон.
Гиви Миканадзе, претставник на „Грузискиот сон“, изјави за националната телевизија: „Грузиското општество апсолутно заслужува да знае кои организации се финансираат, од кои извори.“
Грузиската претседателка, Саломе Зурабичвили, рече дека ќе стави вето на законот, тврдејќи дека тоа ќе ги загрози надежите на Грузија за пристапување во ЕУ и НАТО. Но, парламентот може да го отфрли претседателското вето.
Русија силно се противи на влезот на Грузија во НАТО.
Минатиот месец, повеќе од 60 граѓански организации и медиумску куќи рекоа дека нема да го почитуваат новиот закон за „странски агенти“ доколку тој стане закон.
Потсетуваме, сличен закон е во сила во Русија од 2012 година. Законот оттогаш беше многу пати проширен и користен е за уништување на руското граѓанско општество и независните медиуми.
(Фото: Јутјуб)







