Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од денеска поевтино млеко и тестенини, можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот
Економија

Од денеска поевтино млеко и тестенини, можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот

март 16, 2023Updated:март 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во маркетите од денеска треба да се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените.

Согласно со одлуките на Владата, од денеска ќе бидат замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти,  јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти. Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.

Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајца од кокошка, македонски ориз и бел шеќер. Анализите, според Бектеши, се очекува да завршат до петок.

„Штом ќе бидат готови анализите на податоците за овие производи ќе донесеме одлука дали мерката за замрзнување на цените ќе се прошири и кај нив. Сите одлуки ги носиме заедно со здруженијата и коморите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави вчера министерот Бектеши за МИА.

Вицепремот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, вели  дека анализата на движењата на пазарот покажува оти со завршување на грејната сезона во Европа, и цените на берзата почнале да паѓаат речиси за сите прехранбени производи. И нашите трговци и производители, според него, ќе треба да ги следат тековите во светот.

„Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме низа други продукти, ќе ги следиме и другите производи, и ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните, рече Битиќи  на новинарско прашања за можна интервенција кај цената на зеленчукот и овошјето.

За тие што нема да ги намалат, како што рече, замрзнувањето на цената е доволно како мерка и е и најтешка одлука за нив.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе се следат цените на влезните елементи во земјоделското производство и има одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини.

Министерството земјоделство, како што изјави тој вчера, успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство.

Во однос на тоа  дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството.

„Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите, изјави Николовски, на настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Владата на 28-ми минатиот месец ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Примената на владините одлуки ја контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а казните за непочитување изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

 

 

ИЗВОР: МИА

 

актуелно маркети млеко овошје тестенини цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.