Еден човек намерно влетал со својот автомобил во пешаци во гаражата на аеродромот Келн-Бон во Германија, соопшти полицијата.
Неколку лица се повредени, а насилникот удрил и во неколку автомобили, пишува АП.
Полицијата соопшти и дека има индиции оти сторителот имал психички проблеми.
(Фото: Профимедиа / Јирген Шварц)







