Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КИМ ЈОНГ-УН ЗАТВОРИ ЦЕЛ ГРАД: Војниците загубиле 653 куршуми, се прават претреси по куќи
СВЕТ

КИМ ЈОНГ-УН ЗАТВОРИ ЦЕЛ ГРАД: Војниците загубиле 653 куршуми, се прават претреси по куќи

март 27, 2023Updated:март 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го стави целиот град Хесан под карантин откако исчезнаа 653 куршуми за време на неодамнешното воено повлекување. Униформирани лица ја пребаруваат секоја куќа во градот со 200.000 жители, изјавија два извори за Радио Слободна Азија.

„Градот ќе остане затворен додека не се пронајдат сите 653 куршуми“, изјави жител на провинцијата Рајанганг, каде што се наоѓа Хесан кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини.

Исчезнувањето на муницијата за автоматска пушка беше откриено на 7 март кога војниците на седмиот корпус на корејската армија си заминаа од околината на градот, кој се наоѓа на границата со Кина.

Армијата беше распоредена таму во 2020 година, кога границите беа затворени на почетокот на пандемијата „Ковид-19“.

„Тие целосно се повлекоа меѓу 25 февруари и 10 март, но беше започната опсежна истрага поради исчезнатите куршуми за време на процесот на евакуација“, изјави неименуван жител.

Војниците не го пријавиле веднаш исчезнувањето на муницијата, туку се обиделе да ги најдат куршумите, рекол изворот. Но кога не успеале, ги известиле граѓаните и почнала потрага по нив.

Полицијата и војската започнаа истрага, го затворија сите приоди кон градот градот и почнаа да пребаруваат куќа по куќа.

„Се повикуваат граѓаните кои виделе или зеле куршуми да ги пријават и да ги вратат што е можно поскоро, а оние кои нема да го сторат тоа – ќе бидат казнети“, велат надлежните.

Согласно законот, тој што нелегално поседува или преместува огнено оружје, муниција или друго оружје ќе се казни со присилна работа во траење од 3 години.

Жителите на Хесан стравуваат дека доколку не се најде муницијата, властите по случаен избор ќе казнуваат невини луѓе.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно затворање ким џонг куќи претсрес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.