Два хеликоптери на американската армија се урнаа околу 21.35 часот по локално време во Кентаки, а се претпоставува дека загинале дури девет лица, јавува Би-Би-Си.
Гувернерот на државата, Енди Бешеар, рече дека тоа е тешка вест и дека, според првите извештаи за падот на хеликоптерите, се очекуваат жртви.
Војската потврди дека нивни хелихоптери учествувале во несреќата.
Во изјава за Би-Би-Си, портпаролот на воената база „Форт Кембел“ истакна дека два хеликоптери од типот „Црн јастреб“ (HH60 Black Hawk) се урнале за време на изведување на „рутинска вежба“.
„Статусот на членовите на екипажот во моментов е непознат“, велат од Армијата.
Командата во моментов е фокусирана на грижа за членовите и нивните семејства, посочуваат оттаму. Патем, додаваат дека повеќе информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни.
(Фото: Илустрација)







