Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВ КАНДИДАТ: Роберт Ф. Кенеди Помладиот влегува во трката за Белата куќа
СВЕТ

НОВ КАНДИДАТ: Роберт Ф. Кенеди Помладиот влегува во трката за Белата куќа

април 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, адвокат и скептик кон вакцините, ќе се кандидира за Белата куќа во 2024 година, со што стана вториот демократски кандидат кој ќе го предизвика претседателот Џо Бајден во неговата очекувана трка за уште еден мандат.

Шеесет и деветгодишниот Кенеди, син на убиениот претседателски кандидат, американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, ја поднесе својата кандидатура до Сојузната изборна комисија во средата.

Долгогодишен противник кон вакцините, во 2017 година беше избран да ја надгледува работата на претседателскиот панел за ревизија на сигурноста и науката за вакцините, на барање на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, што веднаш предизвика критики од научниците и здравствените експерти кои стравуваа дека до тоа ќе им се даде легитимитет на скептиците кон вакцинацијата на децата.

Во 2021 година, Инстаграм го отстрани профилот на Кенеди откако тој повеќе пати сподели разоткриени тврдења за ковид-19, со што ја прекрши политиката на платформата за пандемијата со Корона вирус.

Адвокатот за заштита на животната средина и член на познатата американска политичка династија, е внук на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди.

Тој своите претседателски амбиции ги најави уште во март на Твитер кога побара совет дали да се кандидира или не за Белата куќа.

„Ако се чини дека можам да соберам пари и да мобилизирам доволно луѓе за да победам, ќе скокнам во трката“, напиша тој.

„Ако се кандидирам за функцијата, мојот главен приоритет ќе биде да се запре корумпираната врска помеѓу државата и корпоративната моќ која ја уништи нашата економија, ја уништи средната класа, ги загади нашите пејзажи и води, ги отру нашите деца и ни ги одзеде нашите вредности и слободи“, додаде тој.

Маријана Вилијамсон, духовна советничка која предупреди на „темната психичка сила“ што ја ослободил поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, во март стана првата демократка која најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година. Таа повика на „правда и љубов“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Сипа УСА / Алекс Милан Трејси)

актуелно Америка вакцини избори кандидат ковид корона вирус Роберт Ф. Кенеди
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.