Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Младинците на ШК Алкалоид со одличен резултат на Меѓународен турнир во Србија
Останато

Младинците на ШК Алкалоид со одличен резултат на Меѓународен турнир во Србија

април 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопскиот Шаховски клуб Алкалоид имаше успешен настап на традиционалниот Меѓународен турнир во српскиот град Крагуевац на кој триумфираше Дино Табаковски, додека Кирил Николовски го освои шестото, а Стефан Мелник седмото место во конкуренција на 23 играчи со рејтинг до 2.000 поени.

Табаковски, иако десетторангиран на стартната листа, по 9 одиграни кола освои 8 поени (две реми, без пораз), со што освои и одлични 151 рејтинг-поени и убедливо стигна до победничкиот пехар.

Минатата година тој, исто така, играше на овој турнир, влегувајќи на него како 18. играч според рангот, при што заврши на 10. место. Ждрепката сакаше уште во второто коло да го победи минатогодишниот победник Предраг Гребовиќ, по што следуваше серија добри резултати со подобро рангирани играчи.

„Веќе третпат играм на турнирите во Крагуевац, но оваа година дојде до израз континуираниот напредок во работата со мојот тренер, велемајсторот Јаќимовиќ. Откако минатиот месец, заедно со уште еден младинец од напредната група на школата во ШК Алкалоид, учествував на најквалитетното Европското индивидуално првенство во шах, кое се играше во Врњачка Бања, сега со зголеменото ниво на самодоверба и, дополнително, со вистинските совети од мојот тренер успеав да стигнам до првото место“, изјави Табаковски, кој лани на Европското првенство за аматери се закити со трофеј за второ место во категоријата на играчи до 1.700 рејтинг-поени.

Забележителен настап на турнирот кој мината седмица се одржа во Крагуевац имаа и клупските колеги на Табаковски од младинскиот погон на ШК Алкалоид, Николовски и Мелник, кои пред почетокот на турнирот беа на 16., односно на 20. место според почетниот рејтинг, а на крајот и двајцата се пласираа на петтото место со по 5,5 поени. Според тајбрејк критериумот, Николовски на крајот го освои шестото место, освојувајќи нови 116 рејтинг-поени, додека, пак, Мелник се пласираше на седмото место и освои 34 нови рејтинг-поени.

 

Фoто: ШК Алкалоид

алкалоид младинци резултат србија турнир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI

октомври 8, 2026

Новиот видеоспот на „Алкалоид“ поврзува три различни приказни, во фокусот македонскиот интелектуален и креативен потенцијал

октомври 7, 2026

Извозот и увозот растат, – најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.