Шест лица загинаа, а повеќе од 30 се потешко повредени во верижен судар во кој учествувале десетици возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис, соопштија официјални лица.
„Околу 40 до 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучувајќи и бројни камиони со приколки, учествуваа во сообраќајната несреќа вчера попладне на Меѓудржавен 55 на југот дел на Илиноис“, изјави полициски претставник на прес-конференција.

Џолета Хил од Одделот за починати лица во округот Монтгомери по телефон потврди дека најмалку шест лица загинале во несреќата.
Претставник на полицијата изјави дека несреќата во близина на Фармерсвил, на околу 320 километри југозападно од Чикаго, била предизвикана од „силниот ветар што разнесувал кал од полињата по автопатот, што резултирало со нулта видливост“.
Тој дел од автопатот бил затворен во двата правци неколку часа, соопшти полицијата.

(Фото: УПИ / Профимедиа)







