Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции
Економија

Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции

мај 11, 2023Updated:мај 11, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше и се обрати на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.

„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга.

„Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Северна Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е членството во НАТО, како и почетокот на преговорите со Европската Унија. Доаѓањето на странски познати компании кај нас значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на настанот.

Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони.

„Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Северна Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

„Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните. Изразувам благодарност на премиерот Ковачевски за несебичната поддршка од почеток на преговорите и што подметна грб во клучни моменти за процесот да се движи побрзо“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот.

„Нашата втора постројка во Северна Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст“, рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на отпочнувањето на втората инвестиција на „Магна“ во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод почеток на градежни работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“, во технолошко-индустриската развојна зона Штип, која е една од групациите на една од најреномираните светски компании „Магна Интернационал“, специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат досите позначајни производители на автомобили во светот.  Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката во ТИРЗ Струга.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Мојата, и целта на Владата е Северна Македонија да прерасне во една од најатрактивните инвестициски дестинации во Европа. И полека, но сигурно, ја остваруваме оваа цел. Доказ дека имаме поволна бизнис клима за привлекување на нови странски инвестиции и за развој на постоечките странски инвестиции, е токму денешниот настан.

Ми преставува задоволство, што денеска овде во Технолошко индустриската развојна зона во Штип, ја најавувам втората инвестиција на една од најуспешните светски компании, канадската компанија Магна Интернационал.

Во оваа прилика, упатувам честитки до г-динот Креспи, за довербата и за Вашиот потег, што по отворањето на фабриката Магна Мирор во ТИРЗ Струга, одлучивте да го проширите опсегот на работа, со нова инвестиција во ТИРЗ Штип, односно Магна Мехатроникс.

Оваа компанија, со седиште во Онтарио, е специјализирана за дизајн, развивање и произведување автомобилски системи, модули и компоненти коишто се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

Станува збор за една од најголемите компании производители во автомобилскиот свет,  со 65 годишно искуство, којашто се протега во 29 држави со преку 341 производствена операција и 88 центри за развој, инженеринг и продажба со вкупно 171.000 вработени во рамки на компанијата.

Почитувани присутни и пред сè почитувани домаќини,

Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал, дека Северна Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции.

Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е  членството во НАТО, како и  почетокот на преговорите со Европската Унија.

Во изминатите месеци, почнаа да се реализираат и две други големи инвестиции. Едната на германскиот фармацевтски гигант „Герејсхајмер“, вредна над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошки индустриските развојни зони. Втората, на еден од најголемите производители на чипови за автомобилската индустријата, за авио индустријата, медицинската индустрија и 5Г технологиите – Јагео. Компанијата Јагео,  одлучи да инвестира 205 милиони евра во нашата држава, каде ќе работат речиси 4.000 вработени, инвестиција за која се сметаше дека е незамисливо да се произведуваат такви нешта кај нас.

Доаѓањето на странски познати компании кај нас, значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работниместа, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони, се моторот на нашата економија а компаниите како Магна Мехатроникс се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП туку и меѓународното реноме на нашата држава. Оваа компанија доколку прочитавте за нејзината историја и она што го работи, се работи за компанија којашто произведува сè што е потребно за автомобилската индустрија и не постои дел којшто во нивните фабрики не може да биде произведен.

Со заедничкиот концепт на Владата и на ТИРЗ, и во време на глобални предизвици, постигнавме договори од над 850 милиони евра инвестиции, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните десет години.

Бројот на вработени во технолошки индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година.

Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.230 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година.

Бележиме и пораст на приливите во буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра.

За Северна Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија!

Сакам да се заблагодарам за вниманието, пред сè за поканата и посакувам големи успеси во реализацијата на вашата инвестиција во нашата држава“.

 

 

актуелно дестинација инвеститори ковачевски магна поволна странски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.