Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БУНТОВНИЦИТЕ ВО (НЕ)МИЛОСТ НА ПУТИН: Руската армија го разоружува „Вагнер“!
СВЕТ

БУНТОВНИЦИТЕ ВО (НЕ)МИЛОСТ НА ПУТИН: Руската армија го разоружува „Вагнер“!

јуни 27, 2023Updated:јуни 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), наводно, се откажала од обвинение против платеничката група „Вагнер“ поради краткотрајниот вооружен бунт во текот на викендот, објавија вчера руските новински агенции.

Новинската агенција РИА информира дека обвинението е отфрлено затоа што „учесниците ги прекинале своите дејствија директно насочени кон извршување на кривични дела“.

Кремљ соопшти дека борците кои учествувале во бунтот нема да бидат кривично гонети и дека ќе им биде дозволено враќање во базата, според договорот постигнат во саботата, со кој се стави крај на кризата.

РИА, исто така, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана, јави дека „Вагнер“ се подготвува да му го предаде тешко оружје на министерството.

Обраќајќи ѝ се на нацијата за прв пат по завршувањето на краткотрајната побуна на платениците, рускиот претседател, Владимир Путин, вчера вети дека одговорните за вооружениот бунт, кој неговата земја ја фрли во хаос, ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

Не го спомена во ниту еден момент шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој ја започна вооружената побуна.

Путин рече дека Русија викендов докажала дека секоја „уцена“ е осудена на пропаст и им понуди на членовите на групата „Вагнер“ да и се приклучат на армијата, да одат во Белорусија, доколку го сакаат тоа, или да се вратат дома.

„Ви благодарам за вашата издржливост, вашето единство и вашиот патриотизам. Оваа солидарност на граѓаните покажа дека секоја уцена е осудена на пропаст“, ​​рече тој во обраќањето до нацијата, пред да им понуди на војниците на паравоената група да потпишат договор со редовната армија, да се „врати кај своите семејства и блиски“ или да „бидат префрлени на белоруска територија“.

Но, аналитичарите не веруваат дека Путин на пучистите навистина ќе им ја осигура слободата и велат дека сето тоа може да биде стапица.

Борците на „Вагнер“ во досега невиден предизвик за авторитетот на Путин во саботата тргнаа кон Москва, барајќи смена на воениот врв за, како што тврдат, лошото водење на војната во Украина.

Потоа ненадејно го прекинаа својот бунт и се вратија во базите, според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

Шефот на руската платеничка група, Евгениј Пригожин, го шокираше светот кога во саботата го започна вооружениот бунт.

Пригожин бараше министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, кого го критикуваше за, како што вели, катастрофалното водство на војната против Украина, да дојдат во Ростов, кој неговите сили го зазедоа.

Рече дека има 25.000 борци кои ќе ја „обезбедат правдата“ и наведе, без да даде докази, дека руската војска убила голем број борци од неговата приватна милиција „Вагнер“ во воздушен напад, што Министерството за одбрана го негираше.

актуелно Александар Лукашенко Белорусија бунт Вагнер Владимир Путин војна русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.