Фудбалскиот клуб Реал соопшти дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ го продолжи договорот со нив до 30 јуни 2024 година.
Шпанските медиуми потсетуваат дека искусниот играч за врска имал неколку понуди од Саудиска Арабија, но решил да остане уште една година во клубот од Мадрид.
Модриќ во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем, а претходно играше за Интер, Зрињски и Динамо Загреб.
Хрватскиот фудбалер за „кралевите“ одигра 488 натпревари и постигна 37 голови.
За хрватската репрезентација 24 пати се запиша во листата на стрелци, на 166 натпревари.
Со мадридскиот клуб освои 23 трофеи.
Во 2018 година Модриќ (37) ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот.







