Со асистенција на полицијата вчера вечерта камионите од „Комунална хигиена“ тргнаа да го соберат сметот во главниот град кој не е исчистен од петокот поради протест во претпријатието.
Пред претпријатието и вечерва имаше протест на вработените кои не дозволуваа да излезат камионите на терен.
Протестираа поради отпуштање на дел од вработените, бараа оставка од директорката Косана Мазнева-Николиќ и зголемување на платите, исплата на К-15 и бенифициран работен стаж.
Во меѓувреме заседаваше Кризниот штаб на Град Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска во изјава за медиумите дадена по завршување на седницата соопшти дека се работи на расчистување на сметот во градот.
Штрајкот на вработените почна пред два дена поради што контејнерите во главниот град останаа полни со смет.
Извор/Фото: МИА







