Површинската температура на океанот околу Флорида оваа недела се искачи на 38,44 степени Целзиусови или достигна нивоа на топла када, додека нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31, објави американската Национална управа за океани и атмосфера.
Се поголемата зачестеност и интензитетот на тешките временски услови, како на копно така и во океаните, се симптоматични за глобалните климатски промени водени од човекот.
Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на водата како оние во Јужна Флорида можат да бидат смртоносни за подводниот свет и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите за храна и средствата за живот на луѓето.
Управата претходно овој месец предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропските бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Растечките температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени.
(Фото: Профимедиа)







