Најмалку 63 лица загинаа во пожар што зафати повеќекатна зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужноафриканската Република, пишува „Гардијан“.
Итната помош информираше дека уште 40 лица се повредени во пожарот што избувна денеска пред зори.
Портпаролот на итната помош, Роберт Мулауџи, изјави дека е во тек потрага по луѓето кои се наоѓале во зградата и додаде дека веројатно бројот на загинатите ќе се зголеми.
Властите, пак, соопштија дека пожарот „во голема мера е изгаснат“.
(Фото: Мичел Спатар/АФП-Профимедиа)







