Транссексуалците можат да бидат кумови на крштевки и свадби и смеат да бидат и самите крстени, објави во средата Ватикан, одговарајќи на прашања од бискупите.
Дикастеријата за наука на верата јасно не одговори на прашањето дали истополовите парови можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.
Бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, во Бразил, во јули годинава испрати шест прашања до ватиканското тело за ЛГБТ лицата и за нивното учество во крштевањата и склучувањето на брак.
Трите страници прашања и одговори, потпишани од челникот на дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а одобрени од папата Франциск на 31 октомври, објавени се на порталот на дикастеријата на италијански јазик.
Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците можат да се крстат, од дикастеријата одговориле дека можат но под одредени услови и доколку „не постои ризик од јавен скандал или збунување на верниците“.
Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови по дискреција на локалниот свештеник и кумови на бракот, но локалниот свештеник треба да биде „пасторски мудар“ кога ја донесува одлуката.
Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа.
Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.
Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовиот пар кој посвоил дете или го добил со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете.
Од Дикастеријата одговориле дека во тој случај мора да постои „основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера“.
Одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум е подеднакво нејасен. Беше одговорено дека оваа личност мора „да води живот во согласност со верата“.
Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови со дискреција од локалниот свештеник и венчални кумови, но локалниот свештеник треба при донесувањето на одлуката да биде „пасторски мудар“.
Личност во истополова врска може да биде кум на венчавка, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонското право што не го забранува тоа.
Одговорот е помалку јасен, на пример, кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.
Бразилскиот бискуп прашал и дали може истополовиот пар кој посвоил дете или го добил со помош на сурогат мајка да го крсти тоа дете. Од Дикастеријата одговориле дека во тој случај мора да постои „основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера“.
Подеднакво е нејасен одговорот и на прашањето дали може лице што е во истополова врска да биде кум. Одговорено е дека тоа лице мора „да води живот во склад со верата“.







